1 John 22006

1Чеда мои, ова ви го пишувам за да не грешите; и ако некој згреши, кај Отецот имаме Застапник, Исус Хрис­тос, Праведникот;

2а Тој е жртва за измирување за на­шите гревови, и не само нашите, туку и гревовите на целиот свет.

3По тоа знаеме дека сме Го познале, кога ги чуваме Неговите заповеди.

4Кој вели: „Го познав“, а заповедите Негови не ги чува, тој е лажливец и во него нема вистина;

5а кој го пази словото Негово, во него Божјата љубов навистина е совршена: по тоа знаеме дека сме во Него.

6Кој вели дека во Него пребива, должен е да постапува така, како што постапи и Тој.

7Возљубени, не ви пишувам нова за­повед, туку старата заповед, што ја имавте од почетокот. Старата заповед е словото, што го чувте од почетокот.

8А сепак, нова заповед ви пишувам — нешто што е вистина и во Него и во вас; зашто темнината одминува, а вистинската светлина веќе свети.

9Кој вели дека е во светлина, а го мрази братот свој, тој е сѐ уште во тем­нина.

10Кој го сака својот брат, тој е во светлина и во него нема соблазна.

11А кој го мрази братот свој, тој се наоѓа во темнина, и во темнина оди, и не знае ни каде оди, бидејќи темнината му ги ослепила очите негови.

12Ви пишувам, чеда, дека заради Неговото име ви се простени гревовите.

13Ви пишувам вам, татковци, зашто Го спознавате Оној Кој е од почеток; ви пишувам, вам, момчиња, зашто го победивте лукавиот.

14Ви напишав вам, чеда, бидејќи го познавте таткото. Ви напишав, вам, татковци, бидејќи Го познавте Оној Кој е од почеток; ви напишав вам, момчиња зашто сте силни, и словото Божјо пребива во вас, па го победивте лукавиот.

15Не љубете го светот и сѐ што е во него. Ако некој го љуби светот, во него нема љубов од Отецот.

16Зашто, сѐ што е во светот — похотата на телото, похотливоста на очите и горделивоста на животот, не е од Отецот, туку од овој свет.

17А светот е минлив и похотите него­ви, а оној што ја извршува волјата Бож­ја, останува довека.

18Чеда, последен час е. И како што сте слушале дека ќе дојде Антихрист, и сега веќе се појавија многу антихристи; од тоа разбираме дека е последниот час.

19Тие излегоа од нас, но не беа наши; бидејќи ако беа наши, ќе останеа со нас; но излегоа, за да биде јасно дека не се сите наши.

20А вие имате помазание од Светиот, и сите тоа го знаете.

21Не ви пишав дека не ја знаете вис­тината, туку затоа што ја знаете и затоа што знаете дека ниедна лага не доаѓа од вистината.

22Кој е лажливец, ако не оној, што порекнува дека Исус е Христос? Анти­христ е тој што Ги порекнува Отецот и Синот.

23Секој што Го порекнува Синот, Го нема ниту Отецот; а кој Го признава Синот, Го има и Отецот.

24И така, сѐ што чувте во почетокот, тоа и нека остане кај вас; ако остане во вас она што го чувте од почетокот, и вие ќе пребивате во Синот и во Отецот.

25А ова е ветувањето што ни го вети Тој: вечниот живот.

26Тоа ви го пишав поради оние што ве мамат.

27А вие, помазанието што го при­мив­те од Него, останува во вас, и немате потреба некој да ве поучува; но бидејќи Неговото помазание ве учи на сѐ, и е вистинито, и не е лага, затоа останете во Него онака како што ве научило тоа.

28И така, чеда, останете во Него, та, кога ќе се јави Тој, да имаме смелост и да се не посрамиме од Него кога ќе дојде.

29Кога знаете дека Тој е праведен, знајте го и тоа дека секој, кој врши правда, е роден од Него.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for 1 John 2.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.