1 Chronicles 292006

1Тогаш царот Давид му кажа на целото собрание: „Синот мој, Соломон, кого Сам Бог го избра, е млад и нежен, а работата е голема, зашто таа зграда нема да биде за човек, туку за Господ Бог.

2Со сите сили приготвив за домот на мојот Бог злато за златните предмети, сребро за сребрените и бакар за бакарните, железо за железните и дрво за дрвените, ониксов камен и камења за украсување, камења убави и шарени, секакви скапи камења и многу мермер;

3и уште, од љубов кон домот на мојот Бог, што имам сопствено злато и среб­ро, и него го давам за домот на мојот Бог, покрај сето она, што сум го при­готвил за светиот дом:

4три илјади кикари злато, офирско злато, и седум илјади кикари чисто сребро за обложување на ѕидовите на зградите,

5за сите златни предмети, за сите среб­рени и за сите изработки од уметнички раце. Нема ли уште некој доброволно да даде прилог денес за Господ?“

6Тогаш родоначалниците и начал­ниците на израелските племиња, илјадниците и стотниците и надзорниците на царските работи почнаа да донесуваат доброволни прилози.

7И дадоа за уредување на Божјиот дом пет илјади кикари и десет илјади даријки злато, десет илјади кикари среб­ро, осумнаесет илјади кикари бакар и сто илјади кикари железо.

8И оние, што имаа скапоцени камења, ги даваа и нив во ризницата на до­мот Господов, во рацете на Гирсонецот Јехиил.

9И народот се радуваше на нивната сесрдност, зашто тие од сѐ срце жртвуваа за Господ, па и Давид многу се радуваше.

10Тогаш го благослови Давид Господа пред целото собрание и рече: „Бла­гословен си, Господи Боже Израелов, отсекогаш и засекогаш!

11Твое е, Господи, и величието, и си­лата, и славата, и победата, и блесокот; и сѐ, што е на небото и на земјата, Твое е; Твое е, Господи, царството, Ти стоиш над сѐ одозгора како Владетел.

12Од Тебе се и богатството и славата; Ти владееш над сѐ, во Твојата рака е и силата и цврстината, и во Твоја власт е да издигнеш и да зацврстиш сѐ.

13И сега, Боже наш, Те славиме и го фалиме Твоето величествено име.

14Зашто, кој сум јас, и кој е мојот народ, та можеме да жртвуваме толку? Но од Тебе е сѐ, и добиеното од Твојата рака Ти го дадовме;

15зашто ние сме туѓинци пред Тебе и придојдени, како и сите наши татковци; нашите дни се како сенка на земјата, и нема надеж.

16Господи, Боже наш! Сето ова богатство, што го приготвивме, за да Ти изградиме дом Тебе, на Твоето свето име, е од Твоја рака, и сѐ е Твое.

17Знам, Боже мој дека Ти го испи­туваш срцето и ја сакаш искреноста; јас со чисто срце го жртвував сето ова, и сега гледам дека и Твојот на­род, кој е собран тука, со радост жрт­вува за Тебе.

18Господи, Боже на Авраам, Исак и Израел, нашите предци, запази го тоа засекогаш, тоа расположение на срдеч­ните мисли во Твојот народ, и насочи го неговото срце кон Тебе.

19А на синот мој Соломон дај му чесно срце, за да ги запазува Твоите заповеди, Твоите одредби и Твоите по­велби, да го извршува сето тоа и да ја изгради зградата на Твојот дом, за која сум приготвил сѐ.“

20А на целото собрание Давид му рече: „Благословете Го Господа, наши­от Бог!“ И целото собрание Го благо­слови Господа, Бог на предците свои, па коленичеа и Му се поклонија на Господ и на царот.

21На другиот ден Му принесоа жртва на Господ; Му принесоа сепаленици на Господ: илјада телиња, илјада овни и илјада јагниња со преливите нивни, и многу жртви од сиот Израел.

22Па јадеа и пиеја пред Господ во тој ден со голема радост, и по вторпат го прогласија Соломон, синот Дави­дов, за цар и го помазаа пред Господ за врховен владетел, а Садок — за свештеник.

23И седна Соломон на престолот Господов како цар, место татко си Давид и напредуваше, и сиот Израел му се покоруваше.

24И сите началници и војводи, како и сите синови на царот Давид му се покоруваа на царот Соломон.

25И Господ го издигна Соломон пред очите на сиот Израел и му дарува цар­ска слава, каква што немаше пред него ниеден цар израелски.

26Давид, синот Јесеев, царуваше над сиот Израел.

27Тој царуваше над Израел чети­риесет години: во Хеврон царуваше се­дум години, и во Ерусалим царуваше триесет и три години.

28Потоа умре тој во честита и длабока старост, наситен од живот, богатство и слава; место него стана цар неговиот син Соломон.

29Делата на цар Давид, првите и последните, се опишани во записите на јасновидецот Самоил, во записите на пророкот Натан и во записите на јасновидецот Гад,

30како и целото негово царување, јунаштвото негово и настаните, што се случија со него, со Израел и со сите земни царства.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for 1 Chronicles 29.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.