Bible

Create

Inspiring Presentations Without Hassle

Try Risen Media.io Today!

Click Here

Zechariah 9

:
Macedonian - 1990
1 Пророчкото слово на Господа е против земјата Хадрах, и во Дамаск ќе се задржи, зашто окото Господово ги набљудува сите луѓе, како и сите колена Израилеви;
2 тоа е и врз Емат, кој се граничи со него, и е врз Тир и Сидон, оти тие станале многу лукави.
3 Тир изградил тврдина, натрупал сребро како прашина, и злато како улична кал.
4 И, ете, Господ ќе го направи беден и ќе му ја скрши силата негова во морето, а и самиот ќе биде истребен со оган.
5 Тоа ќе го види Аскалон, и ќе се уплаши, а и Газа па и таа ќе затрепери многу, и Екрон, оти ќе се засрами надежта негова: нема да има цар во Газа, и Аскалон нема да се насели.
6 Туѓо племе ќе живее во Азот, и Јас ќе ја уништам гордоста на Филистејците.
7 Ќе ја извлечам крвта од устата нивна, нечистотијата од забите нивни и тие ќе паднат пред нашиот Бог и ќе бидат како илјаданачалници во Јудеја, а Екрон ќе биде како Јевусеј.
8 Ќе поставам стража околу Мојот дом спроти војската, спроти оние, кои преминуваат натаму и наваму, и нема повеќе да доаѓа непријател; оти сега Јас ќе го гледам со очите Свои.
9 Ликувај од радост, ќерко Сионова, извикувај, ќерко ерусалимска; ете, Царот твој доаѓа при тебе, праведен е и со спасувачка сила, кроток, седнат на осле, рожба на ослицата.
10 Тогаш ќе ги истребам колите на Ефрема и коњите на Ерусалим, и ќе се скрши убојниот лак; и Он ќе објави мир на народите, и царството Негово ќе се протега од море до море и од реката до краиштата на земјата.
11 А што се однесува до тебе, Израиле, заради крвта на заветот Јас ги пуштив затворените од ровот, каде што нема вода.
12 Враќајте се во тврдината вие затворените, кои се надевате! А сега што ќе воспоставам, ќе ти дадам двојно.
13 Зашто како лак ќе го затегнам Јуда и лакот ќе го наполнам со Ефрема, па ќе ги подигнам синовите твои, Сионе, против синовите твои, Еладо и тебе ќе те направам како меч јуначки.
14 Ќе се појави над нив Господ и како молскавица ќе излета стрелата Негова; ќе загрми Господ Бог со трубата и ќе појде кон јужните бури со гласот на гневот Свој.
15 Господ Саваот ќе ги брани, и тие ќе истребуваат и ќе ги газат дури и камењата за праќи; ќе пијат крв како вино; и ќе се наполнат како жртвени чаши, како аглите на жртвеникот.
16 И ќе ги спаси нивниот Господ Бог во оној ден, како стадо од Својот народ; оти тие ќе заблескаат како камења на круна во земјата Негова.
17 О, колку голема ќе биде добротата негова и каква ќе биде убавината негова. Житото ќе ги весели момците, и виното девојките.