Zechariah 2
1 И пак ги подигнав очите и видов: и, ете, еден маж, кој во раката имаше мерно јаже.
2 Го прашав каде ќе одиш? Тој ми рече: одам да го измерам Ерусалим, за да видам колкава му е ширината и колкава му е должината.
3 Тогаш ангелот, што зборуваше со мене, излезе, а друг ангел му дојде во пресрет,
4 и тој му рече на оној: Побрзај и кажи му на оној млад човек – Ерусалим ќе се насели по селата поради многуте луѓе и добиток во него.
5 И Јас ќе му бидам огнен ѕид, околу него, вели Господ, и ќе се прославам во него.
6 Еј, еј! Бегајте од северната земја, вели Господ, зашто Јас ќе ве соберам од четирите ветра небески, вели Господ.
7 Спасувај се Сионе, ти што живееш при ќерката Вавилонова.
8 Зашто така вели Господ Седржителот, Кој ме прати за слава при народите, што ве плачкосуваа: »зашто кој ќе се допре до вас, ќе се допре до зеницата на окото Мое.
9 И, ете, Јас ќе ја кренам раката Своја против нив, и тие ќе станат плен на слугите свои.« Тогаш ќе познаете дека Господ Саваот ме пратил.
10 »Ликувај и весели се, ќерко Сионова, зашто ете, Јас ќе дојдам и ќе се населам во тебе«, вели Господ.
11 И ќе се приберат многу народи при Господа во оној ден и ќе станат Негов народ. И Он ќе се насели меѓу тебе, и тогаш ќе разбереш дека Господ Саваот ме пратил при тебе.
12 Тогаш Господ ќе го земе во владение Јуда, Својот дел на светата земја, и пак ќе го избере Ерусалим.
13 Нека молчи секоја плот пред лицето на Господа, зашто Он стана во облаците од Своето свето живеалиште.