Bible

Transform

Your Worship Experience with Great Ease

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Titus 3

:
Macedonian - 1990
1 Напомнувај им да се покоруваат на началствата и властите, да бидат готови за секое добро дело,
2 никого да не хулат, да не се караат, туку да бидат мирни, и да покажуваат секаква кротост кон сите луѓе.
3 Бидејќи и ние некогаш бевме неразумни, непокорни, заблудени, бевме робови на желби и на разни сладострастија, живеевме во злоба и завист, бевме одвратни, се мразевме еден со друг.
4 А кога се јави добротата и човекољубието на нашиот Спасител, Бога,
5 Он нѐ спаси, но не според извршените од нас праведни дела, туку по Својата милост, преку бањата на преродување и обновата од Светиот Дух,
6 Кого изобилно Го излеа на нас преку Исуса Христа, нашиот Спасител,
7 та оправдани со Неговата благодат да станеме по надеж наследници на вечниот живот.
8 Верни се тие зборови; и јас сакам да го утврдуваш тоа, та оние, што поверувале во Бога, да се трудат и да се грижат за добри дела: ова е полезно и добро за луѓето.
9 А од глупави распрашувања и родослови на племињата, од препирки и расправии, по однос на Законот, клони се, зашто се бесплодни и празни.
10 Бегај од човек еретик, откако еднаш и по вторпат го советуваш,
11 знаејќи дека таков човек се изопачил, греши и дека се осудил сам себеси.
12 Кога ќе ги пратам при тебе Артема и Тихика, побрзај да дојдеш кај мене во Никопол, зашто решив таму да презимувам.
13 Законикот Зина и Аполос погрижи се да ги обезбедиш така, та од ништо да немаат потреба.
14 И нашите нека се учат да прават добри дела за неопходните потреби, та да не бидат бесплодни.
15 Те поздравуваат сите што се со мене. Поздрави ги оние, кои нѐ милуваат по вера. Нека биде благодатта со сите вас. Амин!