Titus 2
1 А ти, пак, зборувај го она што се согласува со здравото учење:
2 старците да бидат трезвени, целомудрени, чисти, здрави во верата, во љубовта, во трпението;
3 старичките, исто така, да живеат како што им прилега на светии – да не клеветат, да не се предаваат на многу вино, да учат за добро,
4 за да ги вразумуваат невестите да ги сакаат мажите свои и децата свои;
5 да бидат целомудрени, чисти, добри домаќинки, благи, покорни на своите мажи, та да не се хули словото Божјо.
6 Исто така, советувај ги младежите да бидат чесни,
7 а во сѐ претстави се сам како образец за добри дела, покажувајќи чистота во учењето, нерасипаност, чесност:
8 слово здраво, без укор, та да се посрами противникот, бидејќи не ќе има да рече ништо лошо за нас.
9 Советувај ги слугите да ги слушаат своите господари, да им угодуваат во сѐ, не повраќајќи им;
10 да не крадат, туку во сѐ да покажуваат добра верност, та науката на нашиот Спасител, Бога, да ја украсуваат во сѐ.
11 Бидејќи се јави Божјата благодат, спасителна за сите луѓе,
12 учејќи нѐ да ги отфрлиме нечесноста и похотите од овој свет, чесно, праведно и побожно да поживееме во овој век,
13 да чекаме да се исполни блажената надеж и да се јави славата на великиот Бог и Спасител, нашиот Исус Христос,
14 Кој Се даде самиот Себе за нас, за да нѐ избави од секакво беззаконие и да нѐ очисти, та да Му бидеме народ избран, ревносен кон добри дела.
15 Ова зборувај, и советувај, и изобличувај со полна власт; никој да не те презира.