Bible

Elevate

Your Sunday Morning Worship Service

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Ruth 4

:
Macedonian - 1990
1 Воз излезе пред градските порти и таму седна. И ете, минува оној роднина, за кого говореше Воз. И му рече: »Наврати и седни тука!« Тој наврати и седна.
2 Воз повика десетина од градските старешини и рече: »Седнете тука!« И тие седнаа.
3 И Воз му рече на роднината: »Ноемин, која што се врати од моавските полиња, го продава делот од нивата, која му припаѓа на братот наш Елимелех;
4 јас решив да ти јавам и да ти кажам: ‚Купи го пред седнативе тука и пред старешините на мојот народ ако сакаш да го откупиш, откупи го; ако, пак, не решиш да го откупиш, кажи ми, за да знам, зашто, освен тебе, нема кој да го откупи, а по тебе сум јас.‘« Тој одговори: »Јас ќе го откупам.«
5 Воз рече: »Штом ја откупуваш нивата од Ноемин, треба да купиш и од Моавката Рут, жена на умрениот, и неа треба да ја земеш, за да го востановиш името на умрениот во наследството негово.«
6 А оној роднина одговори: »Јас не можам да ја откупам, за да не си го растурам моето наследство; земја ја ти, зашто јас не можам да ја земам.«
7 Порано кај Израилот, кога се откупуваше и разменуваше нешто, заради потврдување постоеше обичај: едниот ја собуваше обувката своја и му ја даваше на другиот, кој го примаше правото на родство, и тоа служеше како сведоштво кај Израилот.
8 И оној роднина му рече на Воз: »Откупи го ти!« И ја собу обувката своја, и му ја даде.
9 И Воз им кажа на старешините и на целиот народ: »Вие сте сега сведоци, дека јас го купувам од Ноемин сето Елимелехово и сето Хелеоново и Малоново наследство;
10 исто така ја земам за жена и Моавката Рут, Малоновата жена, за да го востановам името на умрениот во делот негов, та да не исчезне името на умрениот меѓу браќата негови и племето негово; вие сте ми денес сведоци за тоа.«
11 И сиот народ, што беше при градските порти, и старешините рекоа: »Ние сме сведоци. Нека даде Господ, жената, која влегува во куќата твоја, да биде како Рахил и Лија, кои и обете го издигнаа домот Израилев; збогатувај се во Еуфрат, и нека се слави името твое во Витлеем;
12 и домот твој да биде како домот на Фареса, кого Тамар му го роди на Јуда од семето, кое Господ ќе ти го даде од таа млада жена.«
13 И Воз ја зеде Рут, и таа му стана жена. И тој влезе при неа, и Господ ѝ даде, та зачна и роди син.
14 И ѝ велеа жените на Ноемин: »Нека е благословен Господ, зашто не те остави денес без наследник! И нека биде славно името негово во Израилот.
15 Тој ќе ти биде утеха и прехрана во старите денови твои, зашто е рожба на снаата твоја, која те сака и кој ти вреди повеќе од седум синови.«
16 И Ноемин го зеде детето и го носеше во прегратките свои и му беше негователка.
17 Сосетките му дадоа име, велејќи: »На Ноемин ѝ се роди син«, и го нарекоа Овид. Тој е татко на Јесеја, таткото Давидов.
18 И еве го родот Фаресов: Фарес го роди Есрома;
19 Есром го роди Арама; Арам го роди Аминадава;
20 Аминадав го роди Наасона; Наасон го роди Салмона;
21 Салмон го роди Воза; Воз го роди Овида;
22 Овид го роди Јесеја; Јесеј го роди Давида.