Romans 16
1 Ви ја препорачувам Фива, нашата сестра, која е слугинка при црквата во Кенхреа:
2 примете ја во Господа, како што им прилега на светии, и помогнете ѝ во она, во што ќе има потреба од вас, бидејќи и таа беше помошница на мнозина и на мене самиот.
3 Поздравете ги Прискила и Акила, моите сотрудници во Христа Исуса,
4 кои за мојата душа ја положија својата глава; ним не само јас им благодарам, туку и сите цркви од незнабошците и нивната домашна црква.
5 Поздравете го мојот возљубен Епенет, кој е првенец во Христа во Ахаја.
6 Поздравете ја Маријам, која многу се грижеше за нас.
7 Поздравете ги Андроника и Јунија, моите сродници и созатвореници, кои се прочуени меѓу апостолите и кои уште пред мене поверуваа во Христа.
8 Поздравете ми го саканиот во Господа Амплија!
9 Поздравете го нашиот сотрудник во Христа Урбана и саканиот Стахија!
10 Поздравете го испитаниот во Христа Апелија! Поздравете ги верните од домот Аристовулов!
11 Поздравете го мојот сродник Иродион! Поздравете ги домашните на Наркис, кои веруваат во Господа.
12 Поздравете ги Трифена и Трифоса, кои се грижат за Господа. Поздравете ја почитуваната Персида, која многу се погрижи за Господа.
13 Поздравете го избраниот во Господа Руф, како и неговата и моја мајка!
14 Поздравете ги Асинкрита, Флегонта, Ерма, Патрова, Ермија и браќата со нив!
15 Поздравете ги Филолога и Јулија, Ниреја и неговата сестра, и Олимпана и сите со нив светии!
16 Поздравете се еден со друг со свет целив! Ве поздравуваат сите цркви Христови!
17 Ве молам, браќа, пазете се од оние, кои предизвикуваат расцепи и соблазни против учењето, кое сте го научиле, и клонете се од нив!
18 Зашто таквите не Му служат на нашиот Господ Исус Христос, туку на стомакот свој, и со слатки и ласкави зборови ги измамуваат срцата на простодушните.
19 Вашата послушност во верата на сите им е позната: затоа јас се радувам за вас, но сакам да бидете мудри во доброто и прости во злото.
20 А Бог на мирот наскоро ќе го сотре сатаната под нозете ваши. Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со вас. Амин!
21 Ве поздравуваат мојот сотрудник Тимотеј, и моите сродници Луциј, Јасон и Сосипатар.
22 Ве поздравувам во Господа и јас Терциј, кој го напиша ова послание.
23 Ве поздравува Гај, мој и на целата црква домаќин. Ве поздравува Ераст, градскиот благајник и братот Кварт.
24 Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со сите вас. Амин!