Bible

Say Goodbye

To Clunky Software & Sunday Tech Stress!

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Revelation 13

:
Macedonian - 1990
1 Потоа застанав на морскиот песок и видов како од морето излегува ѕвер со седум глави и десет рогови; на роговите негови имаше десет круни, а на главите негови богохулни имиња.
2 Ѕверот, кого го видов, прилегаше на леопард: нозете му беа како кај мечка, а устата како уста на лав. И змевот му ја даде силата своја, и престолот свој, и голема власт.
3 И видов, дека една од главите негови како да беше смртно ранета, но таа смртна рана му заздраве. Тогаш се зачуди целата земја и тргна по ѕверот; и му се поклонија на змевот, кој што му беше дал власт на ѕверот;
4 му се поклонија и на ѕверот, велејќи: »Кој е како ѕверот, и кој може да војува со него?«
5 Нему му се даде уста, што зборуваше големи зборови и богохулства; и му се даде власт така да прави четириесет и два месеца.
6 Тогаш ја отвори устата за хулење против Бога, за да го похули името Негово, живеалиштето Негово и оние, што живеат на небото.
7 И му се даде да војува против светиите и да ги победи; му се даде власт над секое колено, јазик и народ.
8 И му се поклонија сите жители земни, чии имиња не се запишани во книгата на животот при Агнецот, заклан од созданието на светот.
9 Кој има уво, нека чуе:
10 кој во ропство води, во ропство ќе биде одведен; кој со меч убие, со меч треба да биде убиен. Тука е трпението и верата на светиите.
11 И видов друг ѕвер како излегува од земјата. Тој имаше два рога како кај јагне и зборуваше како змев.
12 И со сета власт на првиот ѕвер тој дејствуваше пред него и ја тераше целата земја и жителите нејзини да му се поклонат на првиот ѕвер, чија смртна рана се беше исцелила;
13 и правеше големи чуда, па дури и оган да симнува од небото на земјата пред луѓето.
14 И ги мамеше жителите земни со чудата, што му беа дадени да ги врши пред ѕверот, велејќи им на жителите земни да му направат лик на ѕверот, кој што имаше рана од меч и остана жив.
15 И му се даде да вложи дух во ликот на ѕверот, та да прозборува тој и да направи да бидат убиени оние, кои нема да му се поклонат на ѕверовиот образ.
16 И ќе направи на сите мали и големи, богати и сиромаси, слободни и робови да им се стави белег на десната рака или на челата нивни,
17 та никој да не може ни да купува, ниту да продава, освен оние, што го имаат тој белег, или името на ѕверот, или бројот на името негово.
18 Тука е мудроста. Кој има ум, нека го пресмета бројот на ѕверот, бидејќи е број на човек, и бројот му е шестотини шеесет и шест.