Bible

Focus

On Your Ministry and Not Your Media

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Psalms 96

:
Macedonian - 1990
1 Господ се зацари: нека се радува земјата; нека се веселат многубројните острови.
2 Облак и мрак е околу Него; правда и судот се основа на Неговиот престол.
3 Пред Него оган врви и ги гори непријателите Негови наоколу.
4 Неговите молњи ја осветлуваат вселената; земјата гледа и трепери.
5 Горите се топат како восок од лицето на Господа, од лицето на Господа, по целата земја.
6 Небесата ја разгласуваат Неговата правда, и сите народи ја видоа Неговата слава.
7 Нека се засрамат сите, кои се клањаат на кипови, кои се фалат со своите идоли. Поклонете Му се сите ангели Негови.
8 Чу Сион и се зарадува, се веселат ќерките Јудини заради Твоите пресуди, Господи,
9 зашто Ти си Господи, Севишни на целата земја, повисок си од сите богови.
10 Вие, кои Го сакате Господа, мразете го злото! Ја чува Господ душата на своите светии; од раката на грешниците ќе ги избави.
11 Светлина засветли над предникот, а на правите по срце радост.
12 Радувајте се, праведни, во Господа и славете го споменот на светоста Негова.