Bible

Simplify

Your Church Tech & Streamline Your Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Psalms 95

:
Macedonian - 1990
1 Запејте Му на Господа песна нова, запеј Му на Господа, цела земјо!
2 Пејте Му на Господа, благословувајте го името Негово, благовестите го од ден на ден спасението од Него;
3 разгласувајте ја меѓу народите славата Негова, и на сите народи чудесата Негови;
4 зашто велик е Господ и достоен за пофалба, страшен е Оне над сите богови.
5 Бидејќи сите богови на незнабожците се бесови, а Господ го создаде небото.
6 Слава и величие се пред лицето Негово, светост и великолепие во светилиштето Негово.
7 Воздајте Му на Господа, племиња народни, воздајте Му слава и чест;
8 воздајте Му на Господа слава на името Негово, земете жртви и влезете во неговите дворови;
9 поклонете Му се на Господа во светите дворови Негови. Да затрепери пред лицето Негово целата земја!
10 Кажете им на народите: Господ се зацари! затоа цврста е вселената, нема да се разниша.
11 Нека се развесели небото и да се возрадува земјата, нека се раздвижи морето и она што го исполнува;
12 нека се радуваат полињата и сѐ што е на нив, да ликуваат сите дрвја по дубравите,
13 пред лицето на Господа, зашто иде, зашто Он иде да ѝ суди на земјата. Он ќе ѝ суди на вселената по правда, и на народите според Својата вистина.