Psalms 90
1 Кој живее пок закрилата на Севишниот, тој престојува во домот на небескиот Бог.
2 И ќе Му рече на Господа: Ти си мој застапник, Ти си мое пребивалиште, Бог мој, и на Тебе ќе се надевам!
3 Зашто Он ќе те избави од стапицата на ловецот, и од збор кој збунува.
4 Со плеќите Свои ќе те осени и под крилјата Негови ќе бидеш во сигурност: како што ќе те окружува Неговата вистина.
5 Нема да се уплашиш од ноќен страв, ни од стрела што лета дење,
6 од суштества што одат во темнина, од зараза и од бес што опустошува напладне.
7 Покрај тебе ќе паднат илјада, и десет илјади десно од тебе; но до тебе нема да се приближат;
8 само ќе гледаш со очите свои и ќе ја гледаш отплатата на грешниците.
9 Зашто, ти, си Господи, надеж моја, Севишниот го избра за Свое прибежиште;
10 зло нема да Ти се случи, и невојла нема да Ти се приближи до телото Твое;
11 затоа што ќе им заповеда на ангелите Свои за Тебе, да Те чуваат на сите патишта Твои.
12 Ќе Те понесат на раце, да не ја сопнеш од камен ногата Своја;
13 на отровница и на змија ќе нагазуваш, лав и змеј ќе убиваш.
14 »Бидејќи се надеваше на Мене, и ќе го избавам, и ќе го заштитам, зашто го позна името Мое.
15 Ќе повика кон Мене, и ќе го чујам; со него сум во неволја; ќе го избавам и ќе го прославам,
16 ќе му дадам многу денови и ќе му го јавам спасението од Мене.«