Bible

Connect

With Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Psalms 89

:
Macedonian - 1990
1 Господи, Ти си ни прибежиште од род во род.
2 Дури уште пред да се појават горите, и пред создавањето на земјата и на вселената, отсекогаш и за секогаш Ти постоиш.
3 Не враќај го човекот во прав, бидејќи си рекол: »обратете се синови човечки!«
4 Зашто пред Твоите очи илјада години се како вчерашен ден, што поминал, и колку една стража преку ноќта.
5 Годините нивни минуваат; тие се како трева изутрина;
6 наутро ќе процути и ќе помине, а навечер паѓа и се исушува.
7 Така и ние исчезнуваме од Твојот гнев, и од Твојата јарост сме во забуна.
8 Ти си ги поставил пред Себе нашите беззаконија, векот наш е во светлината на лицето Твое.
9 Сите наши дни се скратуваат и од Твојот гнев исчезнуваат, па веќе нѐ нема; нашите години се трудеа како пајак.
10 Дните на нашиот живот се седумдесет години, а ако сме крепки и до осумдесет години; и повеќе време од нив се во труд и болести, бидејќи брзо минуваат и ние летаме со нив.
11 Која ја знае силата на Твојот гнев, па во стравот пред Твојата јарост да се плаши?
12 Научи нѐ така со десницата Твоја, па да се здобиеме со мудро срце.
13 Сврти се, Господи, до кога вака? Смилувај се на Твоите слуги.
14 Се исполнивме изутрина со Твојата милост, Господи, и се зарадувавме и се развеселивме во сите наши дни,
15 се развеселивме за оние дни, кога нѐ понизуваше, за годините, во кои видовме зло.
16 па призри на слугите Твои и на делата Твои, и научи ги синовите нивни.
17 И славата на нашиот Господ Бог нека биде со нас, и во делата на рацете наши помагај ни.