Bible

Say Goodbye

To Clunky Software & Sunday Tech Stress!

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Psalms 84

:
Macedonian - 1990
1 Господи, Ти омиле земјата Твоја, го врати од пленство Јакова.
2 Ти им ги прости беззаконијата на Твоите луѓе, ги покри сите нивни гревови,
3 го смири сиот Свој гнев, ја ублажи јароста на гневот Свој.
4 Поврати нѐ, Боже, спасение наше, и одврати ја Твојата јарост од нас.
5 Зар вечно ќе се гневиш на нас, или ќе го протегнеш гневот Свој од род во род?
6 Нема ли, Боже, да се повратиш, и пак да нѐ оживееш, и луѓето Твои да се зарадуваат во Тебе?
7 Покажи ни ја, Господи, Твојата милост, и подари ни спасение.
8 Ќе чујам што ќе ми рече Господ Бог, зашто Он ќе зборува за мир на Својот народ и на Своите светии, и на оние што со срцето свое Му се обраќаат Нему.
9 Да, спасението од Него е блиску до оние, кои се бојат од Него, за да ја насели славата своја во нашата земја.
10 Милоста и вистината ќе се сретнат, правдата и мирот ќе се целиваат.
11 Вистината ќе изникне од земјата, а правдата ќе се појави од небото;
12 Зашто Господ ќе даде добро, и нашата земја ќе го даде својот плод;
13 правдата ќе оди пред Него и на патот ќе ги става стапките свои.