Bible

Transform

Your Worship Experience with Great Ease

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Psalms 83

:
Macedonian - 1990
1 Колку се мили Твоите живеалишта, Господи на силите!
2 Копнее душата моја сакајќи да е во Господовите дворови; срето мое и телото мое со радост се стремат кон живиот Бог.
3 И птичката си наоѓа живеалиште, и ластовичката гнездо, каде што ќе ги положи пилињата свои, а јас при олтарите Твои, Господи на силите, Цару мој и Боже мој!
4 Блажени се оние, кои живеат во домот Твој тие постојано Те фалат.
5 Блажен е оној човек, кој заштита бара кај Тебе и во чие срце се патиштата Твои.
6 Преминувајќи јадолината на плачот, тие наоѓаат извори во неа, и дожд ја покрива со благослови;
7 минуваат од сила во сила, се јавуваат пред Бога, на Сион.
8 Господи, Боже на силите, услиши ја молитвата моја, послушај, Боже Јаковов!
9 Боже, заштитнику наш, погледај и види го лицето на твојот помазаник!
10 Зашто еден ден во Твоите дворови е подобар отколку илјада дни надвор. Повеќе сакам да бидат на прагот пред Божјиот дон, отколку да живеам во населбите на грешниците.
11 Бидејќи Господ Бог сака милост и вистина, дава благодат и слава; Господ не ги лишува од блага оние, што одат непорочно.
12 Господ на силите, блажен е оној човек, кој се надева на Тебе!