Bible

Connect

With Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Psalms 80

:
Macedonian - 1990
1 Радувајте се во Бога, нашиот помошник, воскликнете кон Бога Јаковов;
2 запејте песна, удрете во тимпан, во милозвучно гусле со псалтир;
3 затрубете со труба во новомесечје, во определено време, во денот на вашиот празник,
4 зашто тоа е закон за Израилот, наредба од Бога Јаковов.
5 Он го установи тоа како сведоштво за Јосифа, кога тој излезе од Египетската земја, каде што чу јазик, што не го знаеше:
6 »Јас го симнав товарот од рамениците негови, и му ги ослободив рацете негови од кошницата.
7 Во маката своја ти Ме повика, и Јас те избавив; при гром те чув, кај водите на Мерива те испитав.
8 Чуј, народе Мој, и Јас ќе ти посведичам, ако Ме послушаш, Израиле!
9 Да немаш друг бог и дане му се клањаш на друг земен бог.
10 Јас сум Господ, Бог твој, Кој те изведе од Египетската земја; отвори ја устата своја, и Јас ќе ја исполнам.
11 Но мојот народ не го послуша гласот Мој, и Израилот не Ми се поклони;
12 затоа Јас ги оставив на нивните упорни срца; нека одат по мислите свои.
13 О, да беше Ме послушал Мојот народ и Израилот да одеше по Моите патишта,
14 веднаш ќе ги смирев нивните непријатели и ќе ја свртев раката Своја против оние што го оскрбуваа.«
15 Оние, што го мразат Господа, сакаа да Му се приближат, и нивното дружење би продолжило за секогаш;
16 ќе ги хранев со најдобра пченица и ќе ги наситував со мед од камен.