Bible

Engage

Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Psalms 79

:
Macedonian - 1990
1 Пастиру Израилев, послушај! Ти, Кој го водиш Јосифа како стадо, Кој седиш на херувимите, јави се!
2 Пред Ефрема, Венијамина и Манасија издигни ја силата Своја и дојди да нѐ спасиш.
3 Боже, поврати нѐ; нека светне лицето Твое, и ние ќе се спасиме!
4 Господи, Боже на силите, до кога ќе бидеш гневен на молитвата од слугите Твои?
5 Ќе нѐ храниш ли со солзлив леб, и напојуваш со солзи изобилно?
6 Нѐ направи приказ за кавги меѓу нашите соседи, и нашите непријатели ни се смеат.
7 Господи, Боже на силите, поврати нѐ! Нека светне лицето Твое, и ние ќе се спасиме!
8 Ти ја пренесе од Египет лозата, ги изгони народите и ја посади;
9 исчисти за неа место, и ги зацврсти корењата нејзини, и таа ја исполни земјата.
10 Горите се покрија од сенката нејзина, и гранките ѝ се како кедрови Божји;
11 таа пушти гранки до морето и младици до реката.
12 Зошто ја сруши нејзината ограда, па да ја берат сите, што минуваат по патот?
13 Горскиот вепар ја подгризува, и полската ѕверка ја јаде.
14 Боже на силите! Сврти се, погледај од небесата и види го и посети го ова лозје;
15 и утврди го она што го посади десницата Твоја; погледај и на синот човечки, што си го зацврстил за Себе.
16 Тоа е со оган обгорено и раскопано; од страв пред Твоето лице нека пропаднат.
17 Твојата десница нека биде раката Твоја над човекот, и на синот човечки, кого си го зацврстила за Себе.
18 А ние нема да отстапиме од Тебе; оживи нѐ, и ние ќе го призиваме Твоето име.
19 Господи, Боже на силите, поврати нѐ; нека свети лицето Твое, и ние ќе се спасиме!