Psalms 76
1 Со гласот свој повикав кон Господа, со гласот свој кон Бога, и Он ме услиши.
2 Во денот на тагата моја Го побарав Бога ноќе, со издигнати кон Него раце и не се уморив; но душата моја не можеше да се утеши.
3 Го спомна Бога и се развеселив, размислував и духот мој стана малодушен.
4 Будни се очите мои, се возбудив и не можев да говорам.
5 Размислував за првите дни, и се сетив за годините прастари, па се поучив;
6 Размислував ноќе со срцето свое, а духот мој ме испитуваше;
7 зар Господ засекогаш те отфрли и не сака ли повеќе да биде благонаклон, или
8 засекогаш престанала Неговата милост, и Неговото слово се пресекло од род во род?
9 Зар Господ заборавил на штедроста Своја? Зар во гневот Свој ќе го затвори Своето милосрдие?
10 Па си реков: »Сега знам – десницата на Севишниот се изменила.«
11 Се сетив за делата на Господа; се сетив за Твоите први чудеса;
12 и ќе се поучам во сите Твои дела и ќе зборувам за постапките Твои.
13 Боже, Твојот пат е свет. Кој Бог е толку голем, како нашиот Бог!
14 Ти си Бог, Кој прави чудеса; Ти ја покажа силата Своја меѓу народите;
15 Ти со мишката Своја го избави Твојот народ, синовите на Јакова и на Јосифа.
16 Те видоа, Боже, водите, Те видоа водите и се разбрануваа, и бездните затрепереа.
17 Голем шум од води се слушаше, загрме од облаците, зашто стрелите Твои пролетуваа.
18 Гласот на Твојот гром се разнесуваше по небото; светкавици ја осветлуваа вселената; земјата трепереше и се тресеше.
19 Твојот пат води кон морето, но Твоите патеки во многуте води и Твоите траги не ќе се познаваат.
20 Ти ги водеше како овци луѓето Твои прекураката на Мојсеја и Арона.