Bible

Create

Inspiring Presentations Without Hassle

Try Risen Media.io Today!

Click Here

Psalms 75

:
Macedonian - 1990
1 Познат е Бог во Јудеја; големо е Неговото име во Израилот.
2 Во светото е Неговото место, а Неговото живеалиште на Сион.
3 Таму Он ја порази силата на стрелите, штитот и мечот и војната.
4 Светлината Твоја е чудесна од вечните гори.
5 Се збркаа сите неразумни по срце; заспаа богатите луѓе и ништо не најдоа во рацете од богатствата свои.
6 Од Твојата закана, Боже Јаковов, задремаа коњаниците.
7 Ти си страшен, и кој ќе Ти се противстави Тебе? Оттаму е Твојот гнев.
8 Од небесата се чу глас дека ќе судиш; земјата се уплаши и се смири.
9 Кога Бог стана да суди, за да ги спаси сите кротки по земјата,
10 бидејќи мислите свои луѓето ќе Ти ги исповедаат: а и остатокот од нив ќе Те прославува.
11 Заветувајте се на Господа, вашиот Бог, и исполнувајте ги заветите; сите, што сте околу Него, принесувајте дарови,
12 Страшниот, Кој ги скротува духовите и кнезовите, пострашен е од земните цареви.