Bible

Designed

For Churches, Made for Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Psalms 63

:
Macedonian - 1990
1 Чуј го, Боже, гласот мој, кога Ти се молам; зачувај ми го животот мој од непријателот што ме застрашува.
2 Ти ме заштити од лукавите, од многуте злочинци.
3 Кои ги наострија јазаците свои како меч, го затегнаа лакот свој па исфрлаат ранливи зборови,
4 за да стрелаат скришно на непорочниот; тие стрелаат ненадејно врз него и нема да се уплашат.
5 Тие цврсто седоговорија за зло; се договорија како да ја прикријат замката, па си рекоа: кој ќе го види?
6 Па бараа неправда, вршеа испитување, но испитување дури до внатрешнината на човекот, но длабоко е срцето.
7 Но Бог ќе се прослави: нивните стрели не полетаа.
8 И јазиците нивни папсаа на нив. А сите кои ги видоа, се зачудија.
9 И секој човек се уплаши. Се објавија делата Божји и ги разбраа созданијата негови.
10 А праведникот ќе се развесели во Господа и ќе се надева на Него; и ќе бидат пофалени сите кои се праведни по срце.