Bible

Power Up

Your Services with User-Friendly Software

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Psalms 52

:
Macedonian - 1990
1 Рече безумникот во срцето свое: »нема Бог.« Станаа развратни луѓето и гнасни во беззаконијата; нема кој да прави добро.
2 Бог со внимание погледна од небесата кон синовите човечки, за да види, има ли некој што е разумен или да Го бара Бога.
3 Сите тргнаа по лош пат, станаа еднакво расипани; нема кој да прави добро, нема ниеден.
4 Зар нема да се вразумат оние, што вршат беззаконие. Оние што го јадат народот Мој, како што го јадат лебот, но Бога не Го повикуваат.
5 Ќе се уплашат тие од страв, и таму каде што страв нема, зашто Господ ќе им ги растури коските на оние, што си угодуваат еден надруг. И тие ќе се посрамат, зашто Бог ќе ги понизи.
6 Кој ќе му даде спасение на Израилот од Сион? Кога Бог ќе ги врати заробените од народот Свој, тогаш ќе се зарадува Јаков и ќе се развесели Израилот.