Bible

Simplify

Your Church Tech & Streamline Your Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Psalms 51

:
Macedonian - 1990
1 Зошто, се фалиш, силнику, со злоба? Беззаконија вршиш по цел ден.
2 Јазикот твој погубни работи измислува; како наострен брич ти е и веќе си смислил измама.
3 Ти повеќе ја засака злобата отколку доброто, неправдата, отколку да говориш правда;
4 ти, лукав јазику, засака секакви погубни зборови.
5 Поради тоа Бог, до крај ќе те уништи, ќе те истргне и ќе те пресели од живеалиштето твое, и коренот твој од земјата на живите.
6 Ќе видат праведните, ќе се уплашат и ќе му се подсмеваат, па ќе речат:
7 ете човек, кој не ја полагаше силата своја во надеж на Бога, а се надеваше на големото богатство свое, и кој сеосили во лесномисленоста своја.
8 А јас, пак, сум во Божјиот дом како плодна маслина и се надевам на милоста Божја во сите векови.
9 Вечно ќе Те славам за она што го направи, и ќе се надевам на името Твое, зашто тоа е благо пред светиите Твои.