1Принесете Му на Господа, синови Божји, принесете Му на Господа јаганца, принесете Му на Господа слава и чест,
2принесете Му слава на Господа и на името Негово, поклонете Му се на Господа во Неговиот свет двор.
3Гласот Господов е над водите; Бог на славата загрми, Господ е над многу води.
4Гласот Господов е во силата, гласот Господов е во велелепието.
5Гласот Господовкрши кедри; ќе ги скрши Господ кедрите ливански,
6и направи како теле да потскокнува Ливан, а Сирион – како младо биволче.
7Гласот Господов сече како огнен пламен.
8Гласот Господов ја потресува пустињата; ќе ја затресе Господ пустињата Кадес.
9Гласот Господов ги ослободува бремените кошути и ги оголува горите; и во храмот Негов секој ја возвестува славата Негова.
10Господ седи на престолот над потопот, и ќе седи Господ како цар довека.
11Господ ќе му даде сила на Својот народ, Госод со мир ќе го благослови народот Свој.