Bible

Transform

Your Worship Experience with Great Ease

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Psalms 19

:
Macedonian - 1990
1 Нека те услиши Господ во тежок ден, да те заштити името на Бога Јаковов.
2 Да ти испрати помош од Светилиштето и од Сион да те поткрепи.
3 Нека си спомни за секоја твоја жртва; и сепалениците твои да бидат примени.
4 Да ти го даде Господ и она што ти срце сака; и сите твои помисли да ги исполни.
5 Ќе се зарадуваме на твоето спасение и во името на нашиот Бог ќе се издигнеме. Да ги исполни Господ сите твои молби.
6 Сега знам дека Господ го спасува Својот помазаник, го слуша од светите Свои небеса; спасението е во силата на Неговата десница.
7 Едни со коли, други со коњи, а ние со името на Господа, нашиот Бог, се фалиме:
8 тие се препнаа и паднаа, а ние се кренавме и стоиме прави.
9 Господи, спаси го царот и услиши нѐ кога Ти се молиме!