Psalms 18
1 Небесата ја објавуваат славата на Бога, а за делата на рацете Негови известува сводот небески.
2 Ден на денот објавува, и ноќ на ноќта знаење открива.
3 Нема јазик, ниту, пак, говор, во кој не се слуша нивниот глас.
4 Нивниот звук се разнесува по целата земја, а нивните зборови до краиштата на вселената. На сонце го поставил Своето живеалиште;
5 и излегува како младоженец од брачното легло, се радува како исполин, минувајќи по патот свој:
6 од крајот на небесата е излезот негов, и патувањето негово до другиот крај; ништо не е сокриено од топлината негова.
7 Непорочен е законот на Бога – душите ги укрепува; верно е откровението на Господа – ги учи припростите,
8 и Господовите повелби се праведни – го веселат срцето; Господовата заповед зрачи светлина; ги просветлува очите.
9 Стравот Господов е чист – пребива довека; судовите Господови се вистина – сите се праведни;
10 поскапи се од злато и од скапоцени камења – послатки се од восочен мед.
11 Слугата Твој ги пази; а кој ги пази голема награда добива.
12 Кој може да ги согледа своите грешки? И од оние тајни очисти ме,
13 и од туѓите запази го слугата Твој, за да не овладеат со мене. Тогаш јас ќе бидам непорочен и ќе бидам очистен од големите престапи.
14 Зборовите на устата моја и помислите на срцето мое нека бидат благоугодни пред Тебе, Господи, помошнику мој и избавителе мој!