1Колку е убави и колку е мило кога браќата живеат заедно!
2Тоа е како миро врз главата што се лее по брадата, брадата Аронова, што се лее по полите од одеждата негова;
3како роса ермонска, која паѓа на горите Сионски, зашто Господ дал благослов и живот вечен.