Bible

Create

Inspiring Presentations Without Hassle

Try Risen Media.io Today!

Click Here

Psalms 104

:
Macedonian - 1990
1 Славете Го Господа; призивајте го Неговото име; разгласувајте ги меѓу народите делата Негови.
2 Славете Го и пејте Му; кажувајте ги сите Негови чудеса.
3 Фалете се со Неговото свето име: нека се весели срцето на оние, кои Го бараат Господа.
4 Барајте Го Господа и утврдувајте се, барајте го секогаш лицето Негово.
5 Спомнувајте ги чудесата Негови, што ги направи, чудесата Негови и судовите од устата Негова,
6 вие, семе Авраамово, слуги Негови, синови Јаковови, избраници Негови.
7 Он е Господ, Бог наш; Неговите судови се по целата земја.
8 Он вечно го помни заветот Свој, зборот што го заповедал во илјада родови,
9 што му го ветил на Авраама, и заклетвата своја на Исака;
10 и му го поставил тоа како закон на Јакова и како вечен завет на Израилот,
11 велејќи: »Тебе ќе ти ја дадам Хананската земја во ваше наследство.«
12 Тогаш тие беа уште малку на број, многу малку, и беа придојдени во неа,
13 па преминуваа од народ во народ, од едно царство кон друг народ;
14 никому не му дозволуваше Он да ги навредува и царевите за нив ги караше:
15 »Не допирајте се до Моите помазани, на Моиоте пророци не правете им зло!«
16 И пушти глад во таа земја и секој лебен клас го сотре.
17 Испрати пред нив човек: како роб беше продаден Јосиф.
18 Ги стегнаа во вериги нозете негови; железото ја измачувало душата негова,
19 додека се исполни зборот Негов: зборот Господов го оправда.
20 Царот прати по него, го одврзаа, кнезот над народите и го ослободи.
21 Го постави за домаќин над домот свој и управител над сиот имот свој,
22 за да ги поучува кнезовите според својата волја и старешните негови да ги учи на мудрост.
23 Тогаш дојде Израилот во Египет, и Јаков се всели во Хамовата земја.
24 Го умножи Бог многу Својот народ и го направи посилен од непријателите негови.
25 Се преврти срцето нивно и тие го замразија народот Негов, и почнаа да им пакостат на слугите Негови.
26 Го испрати Мојсеја, слугата Свој, и Арона, кого го избра.
27 Ти ги покажаа меѓу нив зборовите на Неговите знаци и на чудесата Негови во Хамовата земја.
28 Испрати темнина и се смрачи, и тие не се спротивставија на зборот Негов.
29 Ја претвори водата нивна во крв и ја уништи рибата нивна.
30 Се исполни земјата нивна со жаби, дури и собите на царот нивни.
31 Он рече: и нападнаа песји муви и мушички по сите нивни предели.
32 Наместо дожд, испрати врз нив град, оган што ја гореше земјата нивна,
33 и ги уништи лозјата нивни и смоквите нивни, ги сотре сите дрвја во нивните предели.
34 Рече и нападнаа скакулци игасеници безброј;
35 и ја изедоа сета трева по земјата нивна, ги испојадоа сите плодови на нивите нивни.
36 И го порази секое првородено во земјата нивна, првините од сиот нивни труд.
37 Ги изведе Израилците со сребро и злато, и немаше болен во племињата нивни.
38 Се зарадува Египет поради нивното излегување, бидејќи го беше обзел страв од нив.
39 Им простре облак како покрив и оган, за да им свети ноќе.
40 Бараа, и Он им прати потполошки и со леб небесен ги наситуваше.
41 Расцепи камен и потекоа води, потекоа како река по безводната земја,
42 зашто се сети на Својот свет збор кон Авраама, Својот слуга.
43 па го изведе Својот народ со радост, Своите избрани со веселба,
44 и им даде незнабожечки земји, и така наследија плодови од други народи,
45 за да ги чуваат наредбите Негови и да ги исполнуваат законите Негови. Алилуја!