Bible

Power Up

Your Services with User-Friendly Software

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Psalms 102

:
Macedonian - 1990
1 Благословувај Го, душо моја, Господа, и целата моја внатрешност да го благословува Неговото свето име.
2 Благословувај Го, душо моја, Господа и не заборавај ги сите Негови добрини, на Оној,
3 Кој ги очистува сите твои беззаконија, Кој ги исцелува сите твои болести;
4 Кој го избавува од распаѓање твојот живот, Кој те овенчува со милост и со добрини.
5 Кој ја исполнува со блага твојатажелба, како на орел ќе се обновува твојата младост.
6 Господ им дава милост и суд на сите онеправдани.
7 Он му ги покажа Своите патишта на Мојсеја, на Израилевите синови барањата Свои.
8 Штедар и милостив е Господ, долготрпелив и многумилостив;
9 Он не се гневи до крај, ниту вечно се лути.
10 Оне не ни направи ништо според нашите безааконија и не постапи според нашите гревови;
11 зашто, колку е големо растојанието од небото до земјата, толку е голема милоста на Господа спрема оние што се бојат од Него;
12 колку е далеку исток од запад, толку ги оддалечил Он од нас нашите беззаконија;
13 како таткото што ги милува синовите, така и Господ ги милува оние, кои се бојат од Него.
14 Зашто Он го знае нашиот состав, помни дека сме земја.
15 Дните на човекот се како трева; како полски цвет, така прецутува тој;
16 ќе дувне ли над него ветар, и веќе го нема, и местото веќе нема да се познава
17 А милоста на Господа е од век до век спрема оние, кои се бојат од Него,
18 и правдата Негова е од синовите на синовите, кои го чуваат заветот Негов и ги помнат заповедите Негови, за да ги исполнуваат.
19 Господ го поставил Својот престол на небото, и царството Негово владее над сѐ.
20 Благословувајте Го Господа сите ангели Негови крепки по сила, кои го извршуваат Неговиот збоар, слушајќи го гласот од зборот Негов;
21 благословувајте Го Господа сите Негови војски, Негови служители, кои ја испонувате волјата Негова;
22 благословувајте Го Господа сите Негови дела, по сите места на Неговото владеење. Благословувај Го, душо моја, Господа!