Bible

Create

Inspiring Presentations Without Hassle

Try Risen Media.io Today!

Click Here

Proverbs 31

:
Macedonian - 1990
1 Зборовите на царот Лемуил, со кои го поучила неговата мајка.
2 Што, што сине на утробата моја? Тебе ти говорам, сине мој, првенец, чедо на моите молитви.
3 Не им го давај на жени татковството свое, ниту патиштата на оние од нив, кои цареви погубуваат. Светувај се пред на направиш нешто.
4 Не е за царевите, Лемуиле, не е за царевите вино да пијат, ниту за кнезови сикер,
5 за да не го заборават, откако ќе се опијат, законот и да ја искривуваат правдината на угнетените.
6 Дајте му сикре на оној што е ожалостен; вино нека пијат оние што се болни.
7 нека пивне тој за да ја заборави сиромаштијата своја и да не ги чувствуваат веќе болките свои.
8 Синко, отворај ја устата своја за слава Божја и на сите суди им по правда.
9 Отворај ја устата своја и праведно суди, и заштитувај ги и сиромавиот и немоќниот.
10 Кој ќе најде жена добродетелна? Таа е поскапа и од најскапоцените камења.
11 Срцето на мажот нејзин е убедено во неа, тој нема да остане без добивка;
12 таа ќе му прави добро на мажот свој, во сите дни од животот негов.
13 Набавува волна и лен, и весело работи со рацете свои.
14 Таа е како трговски кораб, оддалеку си донесува храна.
15 Таа станува уште преку ноќта и дава храна во куќата своја и им определува работа на слугинките свои.
16 Ќе помисли ли за нива, ја купува; од плодот на рацете свои си насадува лозје.
17 Ја препашува со сила половината своја и ги зацврстува мишките свои за работа.
18 Таа гледа колку е добро што работи, и светилката нејзина не се гасне ноќе.
19 Ги протега рацете кон фурката, и прстите нејзини се фаќаат за вретеното.
20 Дланката своја му ја отвора на сиромав, и раката своја на оној, кој има нужда, му ја подава.
21 Не се плаши од студ за челадта своја, зашто сета челад нејзина е облечена во двојни алишта.
22 Таа си ткае покривачи; он висон и пурпур е нејзината облека.
23 Мажот нејзин е познат кај портите, кога седи со старешините на земјата.
24 Таа работи покривки и ги продава, на Финикијците и појаси на Хананејците.
25 Здравје и убавина е нејзината облека, и весело гледа на иднината.
26 Со мудрост ја отвора устата своја, и кротка поука има на јазикот нејзин.
27 Го надгледува домаќинството свое и не јаде леб во леност.
28 Стануваат децата и ја ублажуваат, мажот, и тој ја фали:
29 »многу жени добродетелни имало, многу од нив стекнале богатство и сила, но ти ги надмина сите.«
30 Миловидноста е примамлива и убавината суетна; но жена, која се плаши од Господа, е достојна за пофалба.
31 Дајте ѝ од плодовите на нејзините раце, и нека се прославува при мажот нејзин, при градските порти!