Bible

Power Up

Your Services with User-Friendly Software

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Proverbs 26

:
Macedonian - 1990
1 Како снег во летно време и дожд во време на жетва, така и честа не му прилега на безумниот.
2 како врапче што ќе фркне, како ластовица што ќе одлета, така и незаслужена клетва нема да се збидне.
3 Камшик за коњ, узда за осел, а стап за безумните.
4 Не му одговаран на безумниот според глупоста негова, за да не станеш и ти сличен на него;
5 но одговори му на безумниот против глупоста негова, за да не помисли оти е мудар.
6 Кој усно порачува на безумен, тој ги потсекува нозете свои, трпи непријатност.
7 Како што криват нозете на куциот, така и расказот куца во устата на безумните.
8 Она што е оној што клава во праќка скапоцен камен, таков е и оној, кој му прави чест на безумен.
9 Она што е трнлива гранка во раката на пијаница, тоа е и зборот во устата на безумните.
10 Силниот сѐ врши по своја волја: и глупавиот го дарува, и секој минувач го наградува.
11 Како што кучето се враќа на изблуеното, така и безумниот ја повторува својата глупост.
12 Ако си видел човек, кој што се смета за мудар, тогаш повеќе надевај се на безумен, отколку на него.
13 Кога го испраќаат мрзливиот на пат, тој вели: »ѕвер е на патот, лав има на плоштадот!«
14 Вратата се врти на куките свои, а мрзливиот на леглото свое.
15 Мрзливиот ја крие раката своја во пазувата, и тешко му е да ја принесе до устата своја.
16 Мрзливиот се смета за помудар од седуммина, кои смислено одговараат.
17 Кој, минувајќи, се замешува во туѓа караница, фаќа куче за уши.
18 Како што разгневениот фрла оган, стрели и смрт,
19 таков е и човекот, кој подмолно го оштетува пријателот свој и потоа вели: »Јас само се пошегував.«
20 Кога нема веќе дрва, огнот згаснува, и кога нема клеветник, раздорот стивнува.
21 Јагленот е за жар, а дрвата за оган, кавгаџијата, пак кавга да разгорува.
22 Зборовите на оговарачот се како слатки и влегуваат внатре во утробата.
23 Она што е глинен сад, глеѓосан со сребро, такви се пламените усти и злобното срце.
24 Со устата своја непријателот се преправа, а во срцето подмолност крие;
25 кога говори дури и со нежен глас, не верувај му, зашто во срцето негово има седум одвратности.
26 Ако омразата негова се прикрива насамо, злобата негова ќе се открие во собранието народно.
27 Кој копа јама, ќе падне во неа, и кој тркала камен угоре, врз него ќе се врати.
28 Лажливиот јазик ги мрази оние, што ги сопира, и устата ласкава подготвува пропаст.