Numbers 2
1 И им рече Господа на Мојсеја и Арона, велејќи:
2 »Синовите Израилеви треба да се распоредат секој според својот чин, според знамето на домот свој, наоколу треба да се настанат синовите Израилеви пред Господа, околу скинијата на сведоштвото.
3 Најнапред, на исток, ќе се настани полкот Јудин со војниците свои, и началникот на Јудините синови Наасон, синот Аминадавов.
4 Силата на неговата војска изнесува седумдесет и четири илјади и шестотини војници.
5 По него да се распореди племето Исахарово, и началникот на Исахаровите синови Натанаил, синот Согаров,
6 чија сила е изброена на педесет и четири илјади и четиристотини војници.
7 Близу потаму да се смести племето Завулоново, и началникот на синовите Завулонови Елиав, синот Хелонов;
8 бројот на неговите доброволци изнесува педесет и седум илјади и четиристотини.
9 Сите изброени во Јудиновиот логор се сто и осумдесет и шест илјади и четиристотини; тие први да тргнат.
10 Кон југ да биде распореден Рувимовиот полк со војската и началникот на синовите Рувимови Елисур, синот Седиуров;
11 бројот на неговите војници, влезени во пребројувањето негово, е четириесет и шест илјади и петстотини.
12 До него да се настани племето Симеоново, и началникот на синовите Симеонови Саламиил, синот Сурисадаев;
13 а неговите војници изброени беа педесет и девет илјади и триста.
14 Потоа да се насели племето Гадово, и началникот на синовите Гадови Елисаф, синот Рагуилов;
15 неговите доброволци беа на број четириесет и пет илјади и шестотини и педесет.
16 Сета сила влезена во пребројувањето на Рувимовиот полк изнесува сто и педесет и една илјада и четиристотини и педесет; тие втори да појдат.
17 Кога ќе се крене скинијата на сведоштвото, населбата на левитите да биде во средината на другите населби. Како што се разместени, така и да одат, секој на своето место според чинот свој.
18 Кон морето да биде населбата на Ефремовиот полк со војската негова, и началникот на синовите Ефремови, Елисам, синот Емиудов,
19 а неговите војници изброени, се четириесет илјади и петстотини.
20 До него да се смести племето Манасиево, и началникот на синовите Манасиеви Гамалиил, синот Фадасуров,
21 со неговите доброволци, кои се триесет и две илјади и двесте.
22 Потоа да се смести близу до племето Венијаминово, и началникот на синовите Венијаминови Авидан, синот Гадеониев,
23 заедно со неговите војници, чиј број е триесет и пет илјади и четиристотини.
24 Сите изброени војници од Ефремовата населба се сто и осум илјади и сто; тие трети да поаѓаат.
25 Кон север да биде населбата на Дановата војка, и началникот на синовите Данови Ахиезер, синот Амисадаев,
26 и неговите војници, чиј број изнесува шеесет и две илјади и седумстотини.
27 А до него да се смести племето Асирово, и началникот на синовите Асирови Фагаил, синот Ехранов,
28 заедно со неговите војници на број, четириесет и една илјада и петстотини.
29 Потаму да се настани племето Нафталимово, и началникот на синовите Нафталимови Ахиреј, синот Енанов,
30 и неговите педесет и три илјади и четиристотини доброволци.«
31 Сите, влезени во пребројувањето на Дановиот полк, се сто и педесет и седум илјади и шестотини; тие последни да се креваат според чинот свој.
32 Сите изброени синови Израилеви според домовите нивни се шестотини и три илјади и петстотини и педесет.
33 А левитите не се вброени со синовите на Израилот, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.
34 И направија синовите Израилеви сѐ што му беше заповедал Господ на Мојсеја; така се распоредија според чиновите свои, и така одеа секој според племето свое, според домовите свои.