Bible

Designed

For Churches, Made for Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Numbers 1

:
Macedonian - 1990
1 И му рече Господ на Мојсеја во Синајската пустиња, во скинијата на сведоштвото, во првиот ден од вториот месец, на втората година, откако беа излегле од Египетската земја, велејќи:
2 »Пребројте ја целата заедница на Израилеви синови според родовите нивни, според челадта нивна, според бројот на имињата нивни, сите од машки пол до еден;
3 од дваесет години нагоре, сите способни кај Изаилот за војна; според доброволечките чети пребројте ги ти и Арон;
4 заедно со вас треба да има од секое племе по еден претставник, кој е старешина на родот свој.
5 И еве ги имињата на мажите, што ќе бидат со вас: од Рувима Елисур, синот Седиуров;
6 од Симеона Саламиил, синот Сурисадаев;
7 од Јуда Наасон, синот Аминадавов;
8 од Исахара Натанаил, синот Согаров;
9 од Завулона Елиав, синот Хелонов;
10 од синовите на Јосифа: од Ефрема Елисам, синот Емиудов; од Манасија Гамалиил, синот Фадасуров;
11 од Венијамина Авидан, синот Гадеониев;
12 од Дана Ахиезер, синот Амисадаев;
13 од Асира Фагаил, синот Ехранов;
14 од Гада Елисаф, синот Рагуилов;
15 од Нефралима Ахиреј, синот Енанов.
16 Тие се избраните кнезови од народот на татковските племиња, началници на Израилевите илјадници.«
17 Тогаш Мојсеј и Арон ги зедоа тие именувани мажи
18 и го собраа сиот народ на првиот ден од месецот од втората година; и тие ги објавија своите родословија, според родовите свои, според домовите свои, според бројот на имињата, од дваесет години и нагоре, сите до еден од машки пол,
19 како што му беше заповедал Господ на Мојсеја. И тој го изврши пребројувањето нивно во Синајската пустиња.
20 Од синовите на Рувима, првородениот син на Израила, според родовите нивни, според домовите нивни, според бројот на имињата, сите до еден, сите од машки пол, од дваесет години нагоре, сите способни за војна.
21 Се изброија од племето Рувимово четириесет и шест илјади и петстотини.
22 Од синовите Семеонови според родовите нивни, според домовите нивни, според бројот на имињата, сите до еден, сите од машки пол, од дваесет години нагоре, сите способни за војна,
23 се изброија од племето Симеонови песедет и девет илјади и триста.
24 Од синовите Јудини според родовите нивни, според бројот на имињата нивни, еден по еден, сите од машки пол, од дваесет години нагоре, сите способни за војна,
25 изброија од племето Јудино седумдесет и четири илјади и шестотини.
26 Од синовите Исахарови според родовите нивни, според домовите нивни, според бројот на имињата нивни, еден по еден, сите од машки пол, од дваесет години нагоре, сите способни за војна,
27 се изброија од племето Исахарово педесет и четири илјади и четиристотини.
28 Од синовите Завулонови според родовите нивни, според домовите нивни, според бројот на имињата нивни, еден по еден, сите од машки пол, од дваесет години нагоре, сите способни за војна,
29 се изброија од племето Завулоново педесет и седум илјади и четиристотини.
30 Од синовите на Јосифа, синовите Ефремови, според родовите нивни, според домовите нивни, според бројот на имињата нивни, еден по еден, сите од машки пол, од дваесет години нагоре, сите способни за војна,
31 се изброија од племето Ефремово четириесет илјади и петстотини.
32 Од синовите Манасиеви според родовите нивни, според домовите нивни, според бројот на имињата нивни, еден по еден, сите од машки пол, од дваесет години нагоре, сите способни за војна,
33 се изброија од племето Манасиево триесет и две илјади и двесте.
34 Од синовите Венијаминови според родовите нивни, според домовите нивни, според бројот на имињата нивни, еден по еден, сите од машки пол, од дваесет години нагоре, сите способни за војна,
35 се изброија од племето Венијаминово триесет и пет илјади и четиристотини.
36 Од синовите Гадови според родовите нивни, според домовите нивни, според бројот на имињата нивни, еден по еден, сите од машки пол, од дваесет години нагоре, сите способни за војна,
37 избројувањето од племето Гадово изнесува четириесет и пет илјади и шестотини и педесет.
38 Од синовите Данови според родовите нивни, според домовите нивни, според бројот на имињата нивни, еден по еден, сите од машки пол, од дваесет години нагоре, сите способни за војна,
39 се изброија од племето Даново, шеесет и две илјади и седумстотини.
40 Од синовите Асирови според родовите нивни, според домовите нивни, според бројот на имињата нивни, еден по еден, сите од машки пол, од дваесет години нагоре, сите способни за војна,
41 се изброија од племето Асирово четириесет и една илјада и петстотини.
42 Од синовите Нефталимови според родовите нивни, според домовите нивни, според бројот на имињата нивни, еден по еден, сите од машки пол, од дваесет години нагоре, сите сопсобни за војна,
43 се изброија од племето Нефталимово педесет и три илјади и четиристотини;
44 тоа се оние, што влегоа во пребројувањето и што ги преброи Мојсеј и Арон и началниците Израилеви дванаесетмина луѓе, по еден човек од секое племе според племињата народни.
45 Сите, влезени во пребројувањето, синовите Израилеви, од дваесет години и нагоре, сите од Израилот способни за војна,
46 изброени беа шестотини и три илјади и петстотини и педесет.
47 А левитите меѓу нив не беа броени според татковите им племиња.
48 И му рече Господ на Мојсеја, велејќи:
49 »Само Левиевото колено не вбројувајте го и тие бројки не мешај ги со синовите на Израилот;
50 но на левитите довери им ја скинијата на сведоштвото, сите нејзини принадлежности и си што е во неа: тие нека ја носат скинијата и сите нејзини принадлежности и да служат во неа, и околу скинијата да бидат распоредени;
51 а кога ќе треба да се пренесува скинијата, левитите да ја креваат, и кога ќе треба да се застане, левитите да ја симнат; ако, пак, до неа пристапи некој од друго племе, да биде убиен.
52 Синовите Израилеви треба да бидат распоредени секој според својот чин, и секој според своето старешинство, способен да војува.
53 А левитите да се сместат од спротивната страна, околу скинијата на сведоштвото, за да не падне гнев врз општеството на синовите Израилеви; левитите сами да стојат на стража при скинијата на сведоштвото.«
54 И направија синовите Израилеви сѐ онака како што му заповеда Господ на Мојсеја; така направија.