Nehemiah 3
1 И стана Елијашив, големиот свештеник, и браќата негови, свештеници, и изградија Овчи Порти: ги осветлија и ги ставија вратите нивни и ги осветлија од кулата Меа до кулата Хананела.
2 До него градеа Јерихонците, а до нив градеше Закхур, син Аманиев.
3 Рибна Порта изградија синовите Асанаеви: тие ги покрија и ги ставија вратите нивни, клучалниците нивни и резињата нивни.
4 До нив Меремот, син на Урија, син Акосов, го поправаше ѕидот; до нив Мосолам, син Варахиев, син Мозевилов; до нив поправаше Садок, син Ванин.
5 До нив поправаа Текојци; но некои од нив, повидните, не го свиткаа грбот за да поработат за својот Господ.
6 Старите порти ги поправаа Јоизда, син Пасеахов, и Мешулам, син Весодиев; ти ги покрија и ги ставија вратите нивни, клучалките нивни и резињата нивни.
7 До нив поправаше Малтија, Гаваонец, и Јадон од Меронот, со жителите на Гаваон и Масфа, потчинетите на задречниот кнез.
8 До него поправаше Озиил, син Архиев, златар, а до него поправаше Ананија, син Ракеимов. Тие го обновија Ерусалим до широкиот ѕид.
9 До нив поправаше Рефаија, син Суров, началник на Ерусалимскиот полукруг.
10 До нив и спроти куќата своја поправаше Једаија, син Ероматов, а до него поправаше Атут, син Асаваниев.
11 На вториот дел поправаше Мелхија, син Мрамов, и Асув, Фет-Моавов син; тие исто така ја поправаа и Кулата кај печката.
12 До нив поправаше Салум, Алаисов син, началник на Ерусалимскиот полуокруг, – тој и ќерките негови.
13 Долинските Порти ги поправаше Анун, и жителите од Занон: тие ги изградија и ги ставија вратитие нивни, клучалките нивни и резињата нивни: Тие уште поправаа и илјада лакти од ѕидот до Гноишните Порти.
14 А Гноишните Порти ги поправаше Мелхија, Риханов син, начланик на Виткрамскиот округ: тој ги изгради и ги стави вратите нивни, клучалките нивни и резињата нивни.
15 Изворните Порти ги поправаше Соломон, Халезеов син, началник на округот Мисфа: тој ги изгради, ги покри и ги стави вратите нивни, клучалките нивни и резињата нивни; тој го поправаше и ѕидот при бањата Силоам, спроти царската градина и од скалите, што слегуваа од Давидовиот град.
16 По него поправаше Неемија, Завухов син, начланик на Битсрускиот полукруг, до Давидовите гробници и до ископаното езеро и до куќата на храбрите.
17 По нив поправаа левитите: Рехум, Ваниев син; до него поправаше, за својот округ, Асавија, началник на Кеилскиот полукруг.
18 По нив поправаа браќата нивни: Венеи, Инададов син, началник на Келилскиот полуокруг.
19 А до него поправаше Азур, Исусов син, начланик на Мисфа, на вториот дел, спроти излезот кон оружницата на аголот.
20 По него ревносно поправаше Варух, Завуев син, на вториот дел, од аголот до куќната врата на Елијасува, големиот свештеник.
21 По него поправаше Мерамот, син на Урија, син Акосов, на вториот дел, од куќната врата на Елијасивови до крајот на Елијасивовата куќа.
22 По него поправаа свештениците од околината.
23 По него поправаа Венијамин и Асув, спроти својата куќа; по нив поправаше Азарија, син на Масија, Ананиев син, до куќата своја.
24 По него поправаше Ванеј, син Ададов, на вториот дел, од Азариевата куќа до аголот и свиокот.
25 По него – Фалах, Узаинов син, спроти аголот и кулата, што се издига од горниот царски дом при затворскиот двор. По него Фадаија, Фаросов син.
26 А Нетинејците, што живееја во Офал, поправаа спроти Водните Порти кон исток и до издадената кула.
27 По нив поправаа Текојците, на другиот дел, на местото спроти големата издадена кула до Офалскиот ѕид.
28 Од Конските Порти понатаму поправаа свештениците, секој спроти куќата своја.
29 По нив поправаше Садок, Сехениев син, чувар на источните порти.
30 По него поправаше Ананија, Шелемиев син, и Ханун, шестиот син Цалафов, на вториот дел. По него поправаше Мешулам, Верехиев син, спроти собата своја.
31 По него поправаше Малхија, Хацорфиев син, до куќата на Нетинејците и трговците, спроти Хамифкадските Порти дури до аголната горнина.
32 А меѓу аголната горнина и Овчите Порти поправаа златари и трговци.