Nahum 21990

1Се крева против тебе уништувач: пази ги тврдините, чувај го патот, зацврсти ги бедрата, собирај сили.

2Зашто Господ ќе го востанови величието на Јакова, како величието на Израилот, оти пакосници ги запустија и лозјата им ги сотреа.

3Штитот на неговите јунаци е црвен: војниците негови носат црвени облеки; колите бојни ќе фрлаат оган во денот на борбата и гора од копја ќе се лулее.

4Колите ќе траскаат по улиците и ќе се судираат една со друга, ќе изгледаат како запалени факели, и ќе светкаат како молњи.

5Тој ќе ги повикува јунаците свои, но тие ќе бидат бавни во одот, ќе побрзаат кон ѕидовите на градот, но опсадата е веќе подготвена.

6Вратите од реките ќе се отворат и дворот ќе се урне.

7Решено е: таа ќе биде оголена и во плен одведена, а слугинките нејзини ќе стенкаат како гулаби, удирајќи се в гради.

8Ниневија, откако беше основана, беше како водобран полн со вода, а тие бегаат. »Стојте, стојте!« Но никој не се свртува да погледа.

9Грабајте сребро, грабајте злато; нема крај на натрупаните скапоцени работи.

10Ограбена, опустошена и разурната е таа – срцето се топи, колената треперат; сите чувствуваат болки во бедрата, а лицата им се потемнети.

11Каде е лавот што грабеше за да им носи на лавчињата и им даваше на лавиците, полнејќи ги со плен пештерите свои и леглата свои со грабеж?

12Каде е сега леглото на лавовите и пасиштата на лавчињата, каде што одеа лав, лавица и лавче, и никој не ги плашеше?

13Ете, Јас сум против тебе, вели Господ Саваот, и ќе ги претворам во дим твоите бојни коли, и меч ќе ги исече лавчињата твои, и ќе го истребам од земјата грабежот твој; повеќе нема да се чуе гласот на твоите пратеници.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016 © Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

Choose Translation

Switch translation for Nahum 2.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.