Micah 2
1 Тешко им на оние што кројат беззаконија и на леглата свои измислуваат зли дела, и ги извршуваат штом ќе се зазори, зашто не ги издигнаа кон Господа рацете свои.
2 Ќе пожелат ниви – ги заземаат насила, куќи – ги отимаат; и човекот го обираат, и куќата негова, мажот и наследството негово.
3 Затоа вака вели Господ: »Еве Јас замислувам зло против тој род да пратам, кое не можете да го отфрлите од вратот свој, па затоа и нема да одите исправени; оти тоа време ќе биде лошо.
4 Во она време ќе се зборува за вас, ќе плачат многу и ќе мислат: наполно сме разорени; делот од мојот народ е даден на друг; како да ми се врати? Нивните наши се веќе раздадени на другородци.«
5 Затоа не ќе имам никого што ќе фрли жреб во собранието пред Господа.
6 Не пророкувајте пророци; не пророкувајте им за да не ве постигне зло.
7 О, ти, што се нарекуваш Јаковов дом! Зар се смали Духот Господов! Зборовите Мои зар не се благотворни за оној, кој постаува справедливо?
8 Но народот, кој порано беше Мој, сега стана непријател, и вие им ја грабите не само горната туку и долната облека на мирните луѓе, што се враќаат од војна.
9 Жените на Мојот народ ги истерувате од нивните пријатни домови; а од децата нивни ја одземате славата Моја.
10 Станете и одете си, оти тој крај не е земја за почивка; поради нечистотија таа ќе биде разорена – и тоа со голема погибел.
11 Ако некој ветропир измислува лага и вели: »ќе ти проповедам за вино и за сикер«, тој би бил добар за пророк на овој народ.
12 Навистина ќе те соберам сиот, Јакове, навистина ќе ги соберам остатоците Израилеви; ќе ги соберам во едно како овците во Восор, како стадо овци во кошара; ќе зазборуваат шумно поради многубројноста.
13 Пред нив ќе тргне уривач на ѕидови; тие ќе ги разбијат преградите, ќе влезат низ портите и ќе излезат низ нив, и царот нивни ќе тргне пред нив, и Господ – ќе биде на чело.