Bible

Upgrade

Your Church Presentations in Minutes

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Mark 16

:
Macedonian - 1990
1 Штом мина сабота, Марија Магдалина, Марија Јаковова и Саломија купија мириси, за да дојдат и Го помажат Исуса.
2 И во првиот ден од седмицата, дојдоа на гробот многу рано, кога изгреваше сонцето,
3 па си зборуваа помеѓу себе: »Кој ќе ни го одвали каменот од вратата на гробот?«
4 И кога погледнаа, видоа дека каменот е одвален, а тој беше многу голем.
5 Штом влегоа во гробот, видоа еден млад човек, облечен во бели алишта, како седи од десната страна; и се уплашија многу.
6 А тој им рече: »Не бојте се! Вие Го барате Исуса Назареецот, Распнатиот. Он воскресна, не е овде. Еве го местото каде што беше положен.
7 Но одете, кажете им на учениците Негови и на Петра, дека Он пред вас ќе отиде во Галилеја; таму ќе Го видите, како што ви беше рекол.«
8 Па, штом излегоа, побегнаа од гробот, зашто ги опфати страв и ужас, и никому ништо не рекоа, оти се боеја.
9 А Исус, кога воскресна во првиот ден од седмицата, ѝ се јави најнапред на Марија Магдалина, од која беше истерал седум демони.
10 Таа отиде и им јави на оние, што беа со Него и што плачеа и ридаа;
11 но тие, кога чуја дека е Он жив, и дека таа Го видела, не поверуваа.
12 Потоа се јави во друг вид на двајца од нив по пат, кога одеа в село.
13 И штом се вратија, тие им кажаа на другите; но и ним не им поверуваа.
14 Најпосле им се јави на единаесетте, кога беа на трпеза, и ги укори за нивното неверие и жестокосрдечност, зашто не им поверуваа на оние, кои Го видоа воскреснат.
15 Па им рече: »Одете по сиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание.
16 Кој ќе поверува и се крсти, ќе биде спасен; а кој не поверува, ќе биде осуден.
17 А знаците, на оние што ќе поверуваат, ќе им бидат овие: со Моето име ќе истеруваат бесови; ќе говорат нови јазици;
18 ќе фаќаат змии и ако нешто смртоносно испијат, нема да им навреди; на болни ќе полагаат раце и тие ќе оздравуваат.«
19 А по разговорот со нив, Господ се вознесе на небо и седна од десната страна на Бога.
20 Тие, пак, отидоа и проповедаа насекаде; и Господ го поткрепуваше словото нивно со чудеса, што се јавуваа. Амин!