Bible

Focus

On Your Ministry and Not Your Media

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Mark 11

:
Macedonian - 1990
1 И кога се приближија до Ерусалим, во Витфагија и Витанија, при Елеонската Гора, испрати Исус двајца од учениците,
2 и им рече: »Одете во селоно, што е наспроти вас, па штом влезете во него, ќе најдете врзано осле, што ниеден човек не го јавал; одврзете го и доведете го!
3 И, ако ви рече некој: ‚Зошто го правите тоа?‘ Кажете дека Му е потребно на Господа; и тој веднаш ќе го прати тука.«
4 Тие отидоа и го најдоа ослето, врзано за портата од надвор, на раскрсницата, и го одврзаа.
5 И некои од оние, што стоеја таму, им рекоа: »Што правите? Зошто го одврзувате?«
6 А овие им одговорија, како што им беше заповедал Исус, и тие ги оставија.
7 И го одведоа ослето при Исуса, ги кладоа врз него алиштата свои, и Он седна на него.
8 И мнозина ги постилаа своите облеки по патот.
9 А оние, што одеа пред Него и по Него, викаа и велеа: »Осана! Благословен е, Кој иде во името Господово!
10 Благословено е царството на нашиот татко Давида, кое иде во името Господово! Осана во висините!«
11 И влезе Исус во Ерусалим, и во храмот; разгледа сѐ; па, како веќе беше доцна, излезе и отиде со дванаесетте во Витанија.
12 А утредента, кога излегоа од Витанија, Он огладне;
13 и кога оддалеку виде една смоква, покриена со лисја, се приближи, не би ли нашол нешто на неа; но, кога се доближи до неа, не најде ништо освен лисја, оти уште не беше времето за смокви.
14 И кога одговори Исус, ѝ рече: »Отсега никој довека да не вкуси плод од тебе!« И го чуја тоа учениците Негови.
15 И пак дојдоа во Ерусалим. Кога влезе Исус во храмот, почна да ги пади оние, што продаваа и купуваа во храмот, и им ги преврти масите на менувачите и столовите на оние, што продаваа гулаби;
16 и не позволуваше никој преку храмот да пренесе каков и да било сад.
17 И ги поучуваше, велејќи: »Не е ли напишано: ‚Домот Мој, дом за молитва на сите народи ќе се нарече‘; а вие го направивте како разбојничко гнездо.«
18 И кога го чуја тоа книжниците и првосвештениците, гледаа како да Го погубат, зашто се боеја од Него, оти сиот народ се восхитуваше на Неговото учење.
19 А кога се стемни, Он излезе надвор од градот.
20 Утредента, минувајќи, ја видоа смоквата исушена откорен.
21 И кога се сети, Петар Му рече: »Рави, погледај! Смоквата, што ја проколна, се исушила.«
22 А Исус им одговори и рече:
23 »Имајте вера во Бога. Оти, вистина, ви велам, ако некој ѝ рече на оваа планина: ‚Дигни се и фрли се в море!‘ и не се посомни во срцето свое, а поверува дека ќе биде како што рекол, ќе му се исполни, што и да каже.
24 Затоа ви велам: сѐ што ќе побарате во молитва, верувајте дека ќе го добиете: и ќе ви биде.
25 И кога стоите на молитва, проштавајте, ако имате нешто против некого, па и вашиот небесен Отец да ви ги прости вашите гревови.
26 Ако ли, пак, вие не проштавате, и вашиот небесен Отец нема да ви ги прости гревовите ваши.«
27 И пак дојдоа во Ерусалим; а кога одеше низ храмот, се приближија до Него првосвештениците и книжниците, и старешините,
28 па Му рекоа: »Со каква власт го правиш тоа, и кој Ти ја дал таа власт, да го правиш тоа?«
29 Исус им одговори и рече: »Ќе ве прашам и јас за нешто и одговорете Ми; тогаш и Јас ќе ви кажам, со каква власт го вршам тоа.
30 Крштавањето Јованово од небото ли беше, или од луѓето? Одговорете Ми!«
31 А тие се мислеа во себе и велеа: »Ако кажеме ‚Од небото‘ ќе рече: ‚Па зошто не му поверувавте?‘
32 Но, ако кажеме, ‚Од луѓето‘« се плашеа од народот; зашто сите го сметаа Јована за вистински пророк.
33 И кога Му одговорија на Исуса, рекоа: »Не знаеме.« А Исус им одговори и рече: »Ни Јас не ви кажувам со каква власт го вршам тоа.«