Bible

Transform

Your Worship Experience with Great Ease

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Luke 23

:
Macedonian - 1990
1 И сето мноштво се крена, па Го поведоа кон Пилата,
2 и почнаа да Го обвинуваат, говорејќи: »Го најдовме Овој како го развратува народот наш и забранува да се дава данок на ќесарот, и вели за Себе, дека е Он Христос Цар.«
3 А Пилат Го запраша, велејќи: »Ти ли си Царот Јудејски?« Он одговори и му рече: »Ти велиш.«
4 Пилат им рече на првосвештениците и на народот: »Јас не наоѓам никаква вина кај Овој Човек.«
5 Но тие и понатаму велеа дека Он го буни народот и поучува по цела Јудеја, почнувајќи од Галилеја па до вде.
6 А Пилат, штом чу за Галилеја, запраша: »Зар е Овој Човек Галилеец?«
7 И кога разбра дека е Он од областа Иродова, Го испрати при Ирода, кој во тие денови, исто така, беше во Ерусалим.
8 Ирод, кога Го виде Исуса, се зарадува многу, бидејќи одамна имаше желба да Го види, зашто беше слушал многу за Него, па се надеваше дека ќе види некое чудо направено од Него,
9 и Му поставуваше многу прашања, но Он ништо не одговори.
10 А првосвештениците и книжниците стоеја и непрекинато Го обвинуваа.
11 Ирод, пак, со војниците свои, откако Го понизи и Му облече светла облека, Го прати пак при Пилата.
12 И во тој ден Пилат и Ирод станаа пријатели, оти порано беа скарани помеѓу себе.
13 А Пилат ги повика првосвештениците и управниците, и народот,
14 па им рече: »Ми Го доведовте Овој Човек како бунтовник на народот; а еве, јас пред вас Го испитав и не најдов кај Него никаква кривица во она, во што Го обвинувате;
15 и Ирод исто така, оти Го пратив и при Него; и ете, Он не направил ништо, што би заслужувало смрт;
16 па затоа ќе Го накажам и ќе Го пуштам.«
17 А тој требаше за празникот да им ослободи еден затвореник.
18 Но сиот народ повика, говорејќи: »Земи Го Овој, а пушти ни го Варава!«
19 Варава беше фрлен в затвор заради некаква буна во градот и убиство.
20 Пилат одново извика гласно дека сака да Го пушти Исуса.
21 Но тие викаа, велејќи: »Распни Го, распни!«
22 Тој и по трет пат им рече: »Та какво зло направил Овој? Јас не најдов во Него ништо, што заслужува смрт; па затоа ќе Го накажам и ќе Го пуштам.«
23 Но тие постојано настојуваа со голем вик и бараа да биде распнат; и надвладеа нивниот вик и оној на првосвештениците.
24 И Пилат пресуди да им биде по желбата нивна,
25 па им го пушти затворениот во темница за бунт и убиство, за кого молеа; и Исуса им Го предаде на нивна волја.
26 И кога Го поведоа, Го фатија некој си Симон Киринеец, кој се враќаше од нива, и му го кладоа крстот, за да го носи по Исуса.
27 А по Него одеа многу луѓе и жени, кои плачеа и ридаа за Него.
28 Но Исус, кога се заврте кон нив, им рече: »Ќерки ерусалимски, не плачете за Мене, туку плачете за себе и за своите деца;
29 зашто, ете, се приближуваат деновите, кога ќе се рече: ‚Блазе на неплодните и на утроби што не родиле, и на гради што не доеле!‘
30 Тогаш ќе почнат да им велат на планините: ‚Паднете врз нас‘, и на ридиштата, ‚покријте нѐ!‘
31 Оти, кога ова го прават со зеленото дрво, што ќе биде тогаш со сувото?«
32 Водеа и двајца злочинци, за да ги погубат со Него.
33 И кога дојдоа на местото, наречено Черепница, Го распнаа таму Него и злочинците, едниот оддесно, а другиот одлево.
34 А Исус рече: »Оче, прости им, оти не знаат што прават!« И кога го делеа облеклото Негово, фрлија ждреб.
35 А народот стоеше и гледаше; се потсмеваа заедно со народот и првосвештениците, велејќи: »Други спаси, нека Се спаси и Сам, ако е Он Христос, избраникот Божји!«
36 Исто така и војниците се подигруваа со Него: приближувајќи се, тие Му поднесуваа оцет,
37 и велеа: »Ако си Ти Царот Јудејски, спаси се Сам!«
38 А над Него имаше натпис, напишан на грчки, латински и еврејски: »Овој е Царот Јудејски.«
39 Еден од распнатите злочинци хулеше на Него, велејќи: »Ако си Ти Христос, спаси се Себеси и нас!«
40 А другиот, кога одговори, го искара и рече »Зар и од Бога не се боиш, кога си веќе и сам осуден?
41 Ние сме праведно осудени, зашто примивме заслужена казна според нашите дела; но Он ништо лошо не направил.«
42 И Му рече на Исуса: »Сети се на мене, Господи, кога ќе дојдеш во царството Свое!«
43 А Исус му рече: »Вистина ти велам: денес ќе бидеш со Мене во рајот!«
44 А беше веќе околу шестиот час и настана мрак по целата земја, до деветтиот час;
45 и сонцето потемне, и црковната завеса се расцепи преку средината.
46 А Исус извика гласно и рече: »Оче, во Твои раце Го предавам Својот дух!« И штом го рече тоа, издивна.
47 Стотникот, пак, кога виде што стана, Го прослави Бога и рече: »Навистина Овој Човек бил праведник!«
48 И сиот народ, што беше се собрал да гледа, кога виде што стана, се враќаше со удирање в гради.
49 А сите Негови познати, и жените, што Го следеа од Галилеја, стоеја подалеку и го гледаа тоа.
50 И ете, некој си, по име Јосиф, член на советот, човек добар и праведен,
51 тој не беше учествувал во советот и во делата нивни, од Ариматеја, град Јудејски, кој и сам го очекуваше царството Божјо,
52 отиде при Пилата и го измоли телото Исусово;
53 па Го симна и обви во платно, Го положи во исечен гроб, во кој уште никој не беше положен.
54 Тој ден беше петок, и саботата веќе настапуваше.
55 По него одеа и жените, што беа дошле со Исуса од Галилеја, и го видоа гробот и полагањето на телото Негово;
56 па, кога се вратија, приготвија мириси и миро, а во саботата одморија според заповедта.