Bible

Designed

For Churches, Made for Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Luke 19

:
Macedonian - 1990
1 Потоа влезе Исус во Ерихон и минуваше низ него.
2 И ете, некој човек по име Закхеј, кој беше началник на митниците, и беше богат,
3 сакаше да Го види Исуса, Кој е Он, но не можеше од народот, оти беше низок.
4 Затоа истрча напред и се качи на една смоква за да Го види, бидејќи покрај неа требаше да мине.
5 Исус, пак, кога дојде на тоа место, погледна угоре, го виде и му рече: »Закхеј, слези побргу, зашто денес треба да бидам во твојот дом.«
6 И тој веднаш слезе и Го прими со радост.
7 И сите, кога го видоа тоа, негодуваа и рекоа: »Отиде во куќата на грешен човек.«
8 А Закхеј застана и Му рече на Господа: »Господи, еве половината од својот имот ќе го дадам на сиромаси; и ако сум зел од некого нешто несправедливо, четворно ќе го вратам.«
9 А Исус му рече: »Денес дојде спасението на овој дом, зашто и тој е син Авраамов.
10 Оти, Синот Човечки дојде да го побара и спаси загубеното.«
11 А на оние, што го слушаа ова, им кажа и една парабола, бидејќи беше близу до Ерусалим и тие мислеа дека набргу ќе се открие царството Божјо,
12 па рече: »Еден човек од висок род заминуваше во далечна земја да прими царство за себе и да се врати;
13 и кога ги повика своите десет слуги, им даде десет мини и им рече: ‚Тргувајте со нив, дури не се вратам!‘
14 Но граѓаните го мразеа и испратија по него пратеници, велејќи: ‚Нејќеме тој да царува над нас.‘
15 А кога се врати, по приемот на царството, нареди да ги повикаат оние слуги, на кои им беше дал сребро, за да види, кој колку спечалил.
16 Дојде првиот и му рече: ‚Господаре, твојата мина придонесе десет мини.‘
17 И му рече: ‚Добро, верни слуго; во мала работа беше верен, еве ти власт над десет градови.‘
18 Дојде вториот и рече: ‚Господаре, твојата мина придонесе пет мини.‘
19 А тој и нему му рече: ‚И ти биди над пет градови.‘
20 И друг дојде, велејќи: ‚Господаре, еве ти ја твојата мина, што ја чував в крпа,
21 оти се плашев од тебе, бидејќи си жесток човек: земаш од каде што не си оставил, и жнееш, каде што не си сеел.‘
22 А господарот му рече: ‚Со твојата уста ќе ти судам, лукави слуго; ти знаеш дека сум жесток човек: земам, од каде што не сум оставил, и жнеам, каде што не сум сеел;
23 тогаш, зошто не го даде моето сребро на трговците, та кога ќе се вратам, да го добијам со интерес?‘
24 Па им рече на присутните: ‚Земете ја од него мината и дајте му ја на оној, што има десет мини!‘
25 И му рекоа: ‚Господаре, тој има десет мини!‘
26 Ви велам, дека секому што има, ќе му се придаде; а од оној што нема, ќе му се одземе и она, што го има.
27 А оние мое непријатели, што не сакаат да царувам над нив, доведете ги тука и погубете ги пред мене!«
28 Кога го рече тоа, Он тргна понатаму, искачувајќи се кон Ерусалим.
29 И кога се приближи до Витфагија и Витанија, до гората наречена Елеонска, испрати два ученика,
30 велејќи: »Отидете во спротивноно село! Штом ќе влезете во него, ќе најдете едно врзано осле, кое ниеден човек не го јавал. Одврзете го и доведете го!
31 И ако ве праша некој: ‚Зошто го одврзувате?‘ Кажете му вака: ‚Тоа Му е потребно на Господа‘.«
32 Кога отидоа испратените, најдоа како што им беше рекол.
33 И кога го одврзуваа ослето, стопаните им рекоа: »Зошто го одврзувате ослето?«
34 Тие одговорија: »Потребно му е на Господа.«
35 И го доведоа при Исуса; па штом ги нафрлија облеките свои на ослето, Му помогнаа на Исуса да се качи.
36 И кога минуваше Он, ги постилаа своите облеки па патот.
37 А кога наближи до местото од каде што се слегува од Елеонската Гора, сето мноштво ученици почнаа радосно да Го прославуваат Бога со висок глас, за сите чудеса што ги видоа,
38 велејќи: »Благословен е Царот, Кој доаѓа во името Господово! Мир на небото и слава на висините!«
39 А некои фарисеи од народот Му рекоа: »Учителе, забрани им на учениците Твои!«
40 Но Он им одговори и рече: »Ви велам, ако тие замолкнат, камењата ќе повикаат.«
41 А кога се приближи и го виде градот, заплака за него
42 и рече: »Да беше и ти узнал барем во овој твој ден, што служи за твојот мир? Но тоа е сега сокриено од твоите очи,
43 зашто ќе дојдат денови за тебе и непријателите твои ќе те опкружат со окопи и ќе те опколат, и ќе те притеснат од сите страни;
44 и ќе те разрушат тебе и ќе ги избијат децата твои во тебе и нема да остават камен на камен од тебе, оти не си го позна времето, кога беше посетен.«
45 И кога влезе во храмот, почна да ги пади оние, што продаваа и купуваа во него,
46 велејќи им: »Напишано е: ‚Домот Мој е дом за молитва, а вие го направивте разбојничка пештера‘.«
47 И поучуваше секој ден во храмот. А првосвештениците и книжниците, и старешините народни, гледаа да го погубат,
48 но не можеа ништо да Му направат, зашто сиот народ беше приврзан кон Него и Го слушаше.