1Еве го наследството на племето Манасиево, кој беше Јосифов првороден син. На Манасиевиот првороден син Махир, татко на Галад, кој беше храбар во борба, му се падна Галад и Васан.
2Добија наследство и другите Манасиеви синови, според родовите нивни; и синовите Ахизерови, и синовите Елекови, и синовите Есрилови, и синовите Сехемови, и синовите Семираелови, и синовите Оферови. Тоа се синовите Манасиеви, синот на Јосифа, според родовите нивни.
3Салпад, пак, синот на Офер, кој беше син на Галад, а овој – син на Мехир, Манасиев син, немаше синови, туку само ќерки. Еве ги имињата на ќерките негови: Мала, Нуа, Егла, Мелха и Терса.
4Тие дојдоа кај свештеникот Елеазар и кај Исуса, синот Навинов, и кај кнезовите, и рекоа: »Бог му беше заповедал на Мојсеја да ни даде дел меѓу нашите браќа.« И им се даде наследство, па заповед на Господа, меѓу браќата на таткото нивни.
5И Манасија го доби во наследство полето Лавеково, освен земјата Галадска и Васанска од онаа страна на Јордан;
6зашто ќерките на синовите Манасиеви добија делови меѓу синовите негови, а Галадската земја им се падна на другите Манасиеви синови.
7Границата на синовите Мансиеви оди до Асир-Махтот и Данат, кој е спроти Сихем; оттука границата излегува на Јамин и на Јасиф, кај изворот Тафтот.
8Земјата Тафтот му се падна на Манасија, а пределот на Манасеивиот Тафтот – на Ефремовите синови.
9Оттука границата слегува кон долината на Кана, на југ по долината Јарим. Градот Теревит му припаѓа на Ефрема, иако е меѓу градовите на Манасија. Манасиевата граница е на север од потокот и завршува кај морето.
10Она што е на југ, тоа е Ефремово, а она што е на север, тоа е Манасиево; а морето им е нивна граница; со Асир се граничи откај север, а со Исихар откај исток.
11На Манасија му припаднаа меѓу Исахар и Асир, Ветсан со селата негови, Јевлам и селата негови, жителите на Дор и потчинетите му села, жителите на Ендор и потчитените му села, жителите на Магед и потчинетите му села, и жителите во Танах, и селата негови, и трет дел од Нафет и селата негови.
12Манасиевите синови не можеа да ги изгонат жителите на тие градови и Хананејците останаа да живеат во таа земја.
13Кога, пак, Израилевите синови се зацврстија, ги направија Хананејците свои поданици, но – не ги изгонија.
14Јосифовите синови му се противставија на Исуса и рекоа: »Зошто ни даде за наследство еден жреб и едно јаже, кога сме ние многубројни, бидејќи така нѐ благословувал Господ досега?«
15Исус им одговори: »Ако сте многубројни, одете во гората и таму, во земјата на Ферезејците и Ратајците, расчистете си место, штом гората Ефремова ви е тесна.«
16Јосифовите синови рекоа: »Гората Ефремова не ни е доволна; а сите Хананејци, што живеат во долината, имаа железни коли, како оние, што се во земјата Вет-Сан и во селата нивни, така и оние, што се во Језраелската долина.«
17Но Исус му рече на Јосифовиот дом, на Ефрема и на Манасија: »Кога си многуброен и имаш голема сила, нема да останеш само со еден жреб;
18и гората нека биде твоја, и неа ти ќе ја расчистиш, и таа ќе биде твоја до самиот крај; бидејќи ти ќе ги изгониш Хананејците, иако тие имаа железни коли, иако се силни, ти ќе ги присилиш.«