Bible

Transform

Your Worship Experience with Great Ease

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Joshua 1

:
Macedonian - 1990
1 По смртта на Мојсеја, слугата Господов, Господ му рече на Навиновиот син Исуса, служител на Мојсеја, велејќи:
2 »Мојсеј, слугата Мој умре; затоа сега стани, мини преку оној Јордан, ти и сиот овој народ, во земјата, која Јас им ја давам, на синовите Израилеви.
3 Секое место, на кое ќе стапнат стапалата на вашите нозе, вам ви го давам, како што му реков на Мојсеја:
4 од пустињата и од Антиливан дури до големата река, реката Еуфрат, целата земја Хетејска, и до големото море на запад ќе бидат ваши предели.
5 Никој нема да устои пред тебе преку сите денови на твојот живот; и како што бев со Мојсеја, така ќе бидам и со тебе: нема да те оставам и ниту ќе те презрам.
6 Биди цврст и храбар, зашто ќе му ја разделиш земјата на овој народ, во наследство за која им се заколнав на татковците нивни дека ќе им ја дадам;
7 само биди многу цврст и храбар, и грижливо пази го и извршувај го сѐ она што ти го заповеда слугата Мој Мојсеј; не се отстранувај од сето тоа ни надесно ни налево, туку постапувај разумно со сѐ што ќе преземаш.
8 Да не се одделува од устата твоја ова книга на законот; туку поучувај се од неа дење и ноќе, за да разбереш како ќе го извршуваш сѐ она, што е напишано во неа; зашто тогаш ти ќе имаш успех во патиштата твои и умно ќе постапуваш.
9 Еве, ова ти заповедам Јас: биди цврст и храбар, не плаши се и не се ужасувај; зашто Господ, твојот Бог, е заедно со тебе, каде и да одиш.«
10 Тогаш Исус им заповеда на управителите народни и рече:
11 »Влезете меѓу народот и заповедајте им на луѓето и кажете им: пригответе си храна за пат, зашто по три дена ќе ја минете реката Јордан, и ќе влезете да ја преземете земјата, која Господ, Бог на вашите татковци, ви ја дава во наследство.«
12 А на племето Рувимово, Гадово и на полуплемето Манасиево Исус им рече:
13 »Спомнете си, што ви заповеда Мојсеј, слугата Господов, велејќи: ‚Господ, вашиот Бог ве успокои и ви ја даде оваа земја;
14 жените ваши, децата ваши и добитокот ваш нека останат во земјата, која Мојсеј ви ја даде од оваа страна на Јордан; а вие храбрите, што можете да војувате, тргнете вооружени пред браќата ваши и помагајте им,
15 додека Господ, вашиот Бог, не ги успокои браќата ваши, како и вас; додека и тие не ја наследат таа земја, која Господ, вашиот Бог, им ја дава; тогаш вратете се во наследствоот свое и земете ја земјата, која Мојсеј, слугата Господов, ви ја даде од оваа страна на Јордан спрема исток.‘«
16 Тие му одговорија на Исуса: »Сѐ што ни заповедаш, ќе направиме, и каде и да не праќаш, ќе одиме;
17 како што го слушавме Мојсеја, така ќе те слушаме и тебе; само Господ, твојот Бог, да биде со тебе, како што беше со Мојсеја;
18 секој, што ќе се противи на твојата заповед и не ги послуша зборовите твои во сѐ, што и да му заповедаш, ќе биде погубен. Само биди цврст и храбар!«