Bible

Simplify

Your Church Tech & Streamline Your Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

John 15

:
Macedonian - 1990
1 Јас сум вистинска лоза. Мојот Отец е лозарот.
2 Секоја прачка во Мене, која што не дава плод, Он ќе ја исече; и секоја, која што дава плод, ќе ја очисти, за да принесе повеќе плод.
3 Вие сте веќе чисти преку словото, што сум ви го проповедал.
4 Бидете во Мене, и Јас ќе бидам во вас. Како што прачката не може да роди плод сама од себе, ако не е на лозата, така и вие, ако не бидете во Мене.
5 Јас сум лозата, а вие прачките; и кој што е во Мене, и Јас во него, тој ќе даде многу плод; оти без Мене не можете да направите ништо.
6 Ако некој не остане во Мене, ќе биде исфрлен надвор, како прачката, и ќе се осуши; а такви ќе ги соберат, и во оган ќе ги фрлат, и ќе изгорат.
7 Ако останете во Мене, и зборовите Мои во вас, тогаш, што и да посакате, барајте, и ќе биде.
8 Со тоа ќе се прослави Мојот Отец, ако вие принесувате многу плод и ако бидете Мои ученици.
9 Како што Ме возљуби Отецот, и Јас ве возљубив вас. Бидете во Мојата љубов!
10 Ако ги запазите Моите заповеди, ќе останете љубов Моја, како што Јас ги запазив заповедите на Мојот Отец и останувам во љубовта Негова.
11 Ова ви го реков, за да остане радоста Моја во вас, и радоста ваша да биде полна.
12 Ова е Моја заповед: да се љубите еден со друг, како што ве возљубив Јас.
13 Никој нема поголема љубов од оваа: да ја положи душата своја за своите пријатели.
14 Вие сте Ми пријатели, ако го вршите она, што ви заповедам Јас.
15 Не ве наречувам веќе слуги, зашто слугата не знае што работи господарот; туку ве нареков пријатели, оти ви кажав сѐ што сум чул од Мојот Отец.
16 Вие не Ме избравте Мене, но Јас ве избрав вас и ве поставив да одите и да принесувате плод, и плодот ваш да остане, та, што и да посакате од Отецот во Мое име, да ви даде.
17 Оваа заповед ви ја давам: да се љубите еден со друг.
18 Ако светот ве мрази, знајте дека Мене светот уште пред вас Ме замрази.
19 Да бевте од овој свет, тогаш светот ќе го љубеше своето; но бидејќи не сте од светот, туку Јас ве избрав од светот затоа светот и ве мрази.
20 Помнете ги зборовите што ви ги реков Јас: ниеден слуга не е поголем од својот господар. Ако Мене Ме гонеа, и вас ќе ве гонат; ако Моите зборови ги запазеа, и вашите ќе ги запазат.
21 Но, сето ова ќе ви го прават заради Моето име, оти не Го знаат Оној, Кој што Ме пратил.
22 Да не бев дошол и да не бев им зборувал, грев немаше да имаат. Но сега тие немаат изговор за својот грев.
23 Кој Ме мрази Мене, Го мрази и Мојот Отец.
24 Ако не бев направил меѓу нив дела, какви што никој друг не направил, грев немаше да имаат; а сега и видоа, и Ме замразија Мене, и Мојот Отец.
25 Но нека се изврши словото, напишано во нивниот Закон, дека Ме замразија без вина.
26 А кога ќе дојде Утешителот, Кого што ќе ви Го испратам Јас од Отецот, Духот на вистината, Кој излегува од Отецот, Он ќе сведочи за Мене;
27 а и вие ќе сведочите, бидејќи од почетокот сте со Мене.