Bible

Upgrade

Your Church Presentations in Minutes

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Job 8

:
Macedonian - 1990
1 Тогаш одговори Вилдад од Сува и рече:
2 »До кога ли ќе говориш така? И зборовите од устата твоја да се бурен ветар!
3 Зар Бог суди криво? Може ли Седржителот да ја изопачи правдата?
4 Ако твоите синови пред Него згрешиле, затоа и ги предал на нивното беззаконие.
5 Но ако со срце Го побараш Бога и Му се помолиш за милост на Вседржителот,
6 и ако си чист и праведен, Он уште сега ќе ја услиши молитвата Твоја; и ќе го обнови животот твој како на праведник.
7 И ако порано си имал малку, после ќе имаш повеќе.
8 Запрашај ги поранешните поколенија и вникни во мудроста на нивните татковци;
9 ние сме вчерашни и ништо не знаеме, нашите дни се како сенка на земјата.
10 Зар тие нема да те научат, зар тие нема од срцето свое да кажуваат зборови:
11 никнува ли шевар без влага? Расте ли трска без вода?
12 Додека е уште зелена и додека непресечена, таа се суши пред секоја трева.
13 Такви се патиштата на сите, што го забораваат Бога; така пропаѓа надежта на безбожниот;
14 надежта му е тенка нишка, вербата негова мрежа пајакова.
15 Ако се потпре на куќата своја, нема да устои; ќе се фати ли за неа, нема да додржи.
16 Се зеленее тој, на сонцето вирее, неговите фиданки градината ја прекриваат,
17 во грамада од камења се вплетуваат корењата негови, живот црпи од живиот камен.
18 Но кога ќе го искорнат од местото негово, тоа ќе се откаже и ќе рече: не сум те познавало!
19 Ете ја радоста на неговито пат! А од земјата никнуваат растенија други.
20 Не, Бог не ги отфрла непорочните и не ја поддржува раката на беззакониците.
21 Со смеа ќе ја наполни устата твоја, и усните твои со радосни извици.
22 Оние што те мразат, со срам ќе се покријат, шаторот на нечесните ќе исчезне.«