Bible

Transform

Your Worship Experience with Great Ease

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Job 5

:
Macedonian - 1990
1 »Ајде викај! Има ли кој да ти одговори? Кон кого од светиите мислиш да му се обрнеш?
2 Вистина, гневот го убива глупавиот, раздразнетоста го погубува безумниот.
3 Видов како глупавиот се закоренува, но веднаш проклетството на домот негов падна.
4 Децата негови се далеку од спасение, нив ќе ги бијат кај портите; зашто ќе нема кој да ги заштити.
5 Жетвата негова ќе ја изедат гладните, низ трњето ќе ја извлечат; жедните ќе го голтнат имотот негов.
6 Не, жалоста не излегува од земјата, нити злото изникнува од нивата;
7 човекот се раѓа, за да страда, како и искрите за да летаат угоре.
8 Но јас би се обрнал кон Бога и делото свое пред Бога би го поставил.
9 Он создава дела големи и неиспитливи, чудни и без број,
10 и дава дожд на земјата и им испраќа вода на полињата;
11 понизените ги издигнува на високо, и натажените ги утешува и ги спасува.
12 Он го урива она што лукавите го градат, рацете нивни не го довршуват започнатото.
13 Он ги фаќа мудрите со нивното лукавство, и замислата на итрите се осуетува;
14 Среде бел ден запаѓаат во темнина; попладне одат со пипање, како ноќе.
15 Он го спасува сиромавиот од меч, од устата нивна и од раката на силниот.
16 И за сиромавиот има надеж, а неправдата сама ја затвора устата своја.
17 Блажен е оној човек кого Бог го вразумува. Затоа не ја отфрлувај казната од Вседржителот,
18 зашто Он нанесува рани и Самиот ги преврзува; Он поразува, и Неговите раце лекуваат.
19 Од шест беди ќе те избави и во седмата зло нема да те стигне.
20 Во време на глад ќе те спаси од смрт, и во војна од силата на мечот.
21 Од камшикот на јазикот ќе се сокриеш, и нема да се уплашиш од опустошувањето кога ќе дојде.
22 На опустошувањето и на гладот ќе им се потсмееш, од ѕверовите земни нема да се уплашиш,
23 зашто си во сојуз со камењата полски, а полските ѕверови се во мир со тебе.
24 Ќе дознаеш дека шаторот ти е во безопасност, ќе си ја гледаш куќата и нема да згрешиш.
25 Ќе видиш, оти семето ти е многубројно, дека филизите твои се како трева на земјата.
26 Ќе легнеш во гроб кога ќе стигнеш до зрелост, како што се редат житните снопја.
27 Ете, тоа сме го испитале: вистината е жива; затоа чуј го сето ова и запомни го добро.«