Bible

Upgrade

Your Church Presentations in Minutes

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Job 33

:
Macedonian - 1990
1 »И така, слушај ги Јове, зборовите мои и внимавај на сите мои зборови.
2 Еве, ја отварам устата своја, јазикот ми говори во устата моја.
3 Зборовите мои се искрени од срцето мое, и устата моја ќе искаже чиста вистина.
4 Духот Божји ме создал, и здивот на Вседржителот ми дал живот.
5 Ако можеш, одговори ми и застани спроти мене.
6 Еве ме мене, според твојата желба, место Бога. И јас сум направен од кал;
7 поради тоа стравот пред мене не може да те збуни, и раката моја нема да биде тешка за тебе.
8 Ти рече пред мене, и јас го чув гласот на твоите зборови:
9 ‚Чист сум, без порок, невин сум; во мене нема неправда;
10 А Он најде обвинение против мене и ме смета за Свој противник;
11 нозете ми ги стави на клада, ги надгледува сите мои патишта.‘
12 Ете, во тоа ти не си прав, ти одговарам; човекот со Бога не може да се мери.
13 Зошто ти е да се бориш против Него? Он не дава сметка за Своите дела.
14 Бог говори еднаш и двапати, но луѓето не внимаваат:
15 на сон, во ноќно видение, кога сонот ги соборува луѓето, во време, кога спијат на своето легло,
16 тогаш Он му отвора на човекот увото и го запечатува Своето кажување.
17 за да го одвлече човекот од лошо дело, и да ја отстрани гордоста од него.
18 за да ја запази душата негова од бездна, и животот негов од пораз со меч.
19 Или, пак, го вразумува со болест на постелата негова, и со лута болка во сите коски негови,
20 така што животот негов да се гади од лебот, душата негова од обичната храна.
21 Телото негово исчезнува; коските негови се подаваат, кои пред тоа не се гледале.
22 Душата негова се приближува кон гробот, а животот негов до смртта.
23 Ако има кај него Ангел пазител, еден од илјада, за да му го покажува правиот пат,
24 Бог би се смилувал над него и би рекол: ‚Ослободи го од гробот; јас најдов откуп.‘
25 Тогаш телото негово ќе се подмлади повеќе, отколку во млади години; и тој ќе се врати во дните на младите свои години.
26 Ќе Му се моли на Бога, и Он ќе биде милостив спрема него; со радост ќе го погледнува лицето негово и ќе му ја враќа праведноста негова.
27 Тој ќе ги гледа луѓето и ќе вели: ‚сум грешел и сум ја обвинувал правдата, и не ми се помогна;
28 Бог ја ослободи душата моја од гроб; животот мој гледа светлина.‘
29 Ете, сето тоа Бог му го врши два до трипати на човекот,
30 за да ја изведе душата негова од бездната и да го просвети со светлината на живите.
31 Внимавај, Јова, слушај ме, молчи, јас ќе зборувам.
32 Ако имаш нешто да кажеш, одговарај; говори, зашто би сакал да те оправдам;
33 ако, пак, не тогаш слушај ме: молчи и јас ќе те научам на мудрост.«