Job 32
1 Кога тие тројца мажи престанаа да му одговараат на Јова, бидејќи пред очите нивни беше прав.
2 Се разгори гневот на Елијуја, сен Варахиилов, од Вуз, од Рамовиот род; се разгоре гневот негов против Јова, поради тоа што тој се правеше поправеден од Бога;
3 а против тројцата негови пријатели се разгоре гневот негов затоа што тие не знаеја, што да одговорат, а пак го обвинуваа Јова.
4 Елијуј чекаше додека тие говореа со Јова, зашто по години беа постари од него.
5 А кога Елијуј виде оти нема одговор во устата на тројцата мажи, гневот негов се разгоре.
6 И одговори Елијуј, син Варахиилов, од Вуз, и рече: »Јас сум млад по години, а вие сте старци; затоа јас се плашев и не се осмелував да ви го кажам моето мислење.
7 Јас си велев: нека говорат дните и многулетието нека поучува во мудрост.
8 Но има дух во човекот, и духот на Седржителот го вразумува.
9 Не само многулетните се мудри, ниту само старците знаат што е право.
10 Затоа велам: ислушајте ме, ќе ви го кажам и јас моето мислење.
11 Ете, чекав вие да се искажете, го слушав вашето расудување, додека вие говоревте.
12 Внимателно ве следев, и никој од вас не го изобличи Јова и не одговори на зборовите негови.
13 Немојте да речете: ‚ние наидовме на мудрост: Бог ќе го убеди, а човекот не може.‘
14 Ако тој ги упатуваше зборовите свои кон мене, јас ќе му одговорев не со вашите зборови.
15 Се исплашија повеќе не говорат; се збунија, престанаа да зборуваат.
16 Чекав, а тие пак не говореа, престанаа и повеќе не зборуваа.
17 Јас ќе говорам за сѐ, јас ќе го кажам мислењето свое.
18 Затоа што сум полн со зборови, и духот ме притиска одвнатре.
19 Ете, утробата моја, како затворено вино: готова е да прсне како нови мевови.
20 Ќе позборувам, за да ми се олесни; ќе си ја отворам устата и ќе одговорам.
21 Нема да гледам кој е кој и на никого нема да му ласкам,
22 зашто не умеам да ласкам: за миг Создателот мој би ме зел.«