Bible

Focus

On Your Ministry and Not Your Media

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Job 12

:
Macedonian - 1990
1 Пак одговори Јов и рече:
2 »Само вие ли сте луѓе, и со вас ли ќе исчезне мудроста!
3 И јас знам да мислам како вас; и во ништо не сум подолен од вас; и кој не го знае истото тоа?
4 за потсмев станав јас на пријателот свој, јас што го повикував Бога, и Кој ми одговараше, за потсмев е праведниот и непорочниот човек.
5 Несреќниот треба да се презира тие мислат, да се удира по оној, чии нозе се сопнуваат.
6 Спокојни се шаторите на крадците и безопасни на оние што Го гневат Бога, ним Бог им дава сѐ.
7 Но, прашај го добитокот, и ќе те научи; запрашај ја небеската птица, и ќе ти објасни.
8 Гуштерите ќе те поучат, ќе ти кажат и морските риби.
9 Кое од сите созданије не знае, дека раката на Господа го создала?
10 Но Неговата рака е душата на сѐ што е живо и духот на секоја човечка плот.
11 Нели увото ги разбира зборовите, и нели јазикот го распознава вкусот на храната?
12 Кај старците има мудрост, а кај долговечните разум.
13 Но во Него има мудрост и сила, Негови се решението и разумот.
14 Она што Он ќе разурне, нема да се изгради: кого Он ќе заговори, нема да се ослободи.
15 Да ги запре водите, и сѐ ќе се исуши; да ги пушти, и земјата ќе ја разрушат.
16 Во Него е силата и сета мудрост, пред Него е оној, што е заблуден, и оној што воведува во заблуда.
17 Он ги приведува советниците во необмисленот и ги прави судиите безумни.
18 Он ги лушува царевите од власт и го врзува со јаже крстот нивни;
19 на кнезовите им го одзема достоинството и силните ги кутнува;
20 им го одзема јазикот на гордите и ги лишува од разум старците;
21 ги покрива со срам славните и јас ослабнува силата на моќните:
22 ја открива темнината во длабините и ја вади на видело смртната сенка;
23 ги издигнува народите и ги истребува; ги распрснува и ги собира;
24 им го одзема умот на кнезовите земни и ги упатува на безпатна пустиња:
25 со пипање одат тие по темнина, без светило, и скитаа како пијани.