Bible

Power Up

Your Services with User-Friendly Software

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Jeremiah 47

:
Macedonian - 1990
1 Слово Господово што дојде до пророкот Јеремија за Филистејците, пред Фараонот да ја порази Газа.
2 Така вели Господ еве, се креваат од север води, што ќе се претворат во буен поток и што ќе ја потопат земјата и сѐ што ја исполнува, градот и жителите во него: тогаш ќе повикаат луѓето и ќе заплачат сите жители на земјата.
3 Од топотот на копитата од силните коњи и од татнежот на неговите коли, од чкртањето на тркалата нивни, татковците не ќе можат да управат поглед кон децата свои, бидејќи рацете нивни ќе им отпаднат
4 од оној ден што ќе дојде да ги сотре сите Филистејци, да ги оттргне од Тир и Сидон сите други помошници, бидејќи Господ ќе ги разори Филистејците, остатокот од островот Кафтор.
5 Ќе оќелавее Газа, ќе пропадне Аскалон и остатокот од нивната долина.
6 До кога ќе сечеш, о мечу Господов, кога ќе престанеш? Врати се во ножницата своја, престани и одмори се.
7 Но, како да се одмориш, кога Господ заповеда против Аскалон и против морскиот брег; натаму Он го определи.