Bible

Power Up

Your Services with User-Friendly Software

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Jeremiah 15

:
Macedonian - 1990
1 И ми рече Господ: да беа застанале пред лицето Мое дури Мојсеј и Самуил, душата моја пак немаше да се приклони кон тој народ; отерај ги од пред лицето Мое, нека си одат.
2 Ако, пак, те прашаат: »каде да одиме?« кажи им: вака вели Господ кој е за смрт, нека оди во смрт: и кој е за меч под меч; кој е, пак, за глад на глад; и кој е за ропство во ропство.
3 И ќе испратам врз нив четири вида смрт, вели Господа: меч за да ги убива, кучиња, за да ги раскинуваат, небески птици, и полски ѕверови, за да ги изедуваат и истребуваат.
4 И ќе направам да се озлобат против нив сите земни царства заради Манасија, синот на Јудејскиот цар Езекија, за оној што го изврши тоа во Ерусалим.
5 Оти, кој ќе те пожали, Ерусалиме, кој ќе ти изјави сочувство, и кој ќе наврати до тебе, за да те праша добро ли ти е?
6 Ти Ме остави, вели Господ, отстапи; затоа, ќе ја протегнам Својата рака врз тебе и ќе те погубам; се уморив, за да покажувам милост.
7 Јас ќе ги одвеам со вејачка пред портите на земјата, ќе ги лишам од деца, ќе го сотрам Мојот народ; но тие нема да се вратат од своите патишта.
8 Ќе има кај нив вдовици многу повеќе од морскиот песок; ќе испратам врз нив, врз мајката на младичите, уништувач попладне, ненадејно ќе ги опфати страв и ужас.
9 Ќе изнемогне онаа што лежи, која родила седум, ќе го предава духот; уште во текот на денот ќе зајде сонцето нејзино; таа е смутена и посрамена. И другите од нив ќе ги предадам на меч пред очите на нивните непријатели, вели Господ.
10 »Тешко мене, мејко моја, зошто ме роди човек, кој се расправа и се кара со целата земја! Никому не сум давал со лихва и мене никој не ми давал, а сите ме проколнуваат.«
11 Годпод рече: крајот ќе ти биде добар, и Јас ќе го присилам непријателот твој да постапува со тебе добро во времето на бедата и за време жалоста.
12 Може ли железо да скрши северно железо и бакар?
13 Твојот имот и твоите сокровишта ќе ги предадам на разграбување, без цена, заради сите твои гревови, во сите твои предели.
14 И ќе те одведам со непријателите твои во земја, што не ја познаваш; зошто оган се разгоре од Мојот гнев, ќе гори над вас.
15 О Господи! Ти сѐ знаеш; сети се за мене и посети ме, и одмазди се за мене на моите гонители; според Своето долготрпение не погубувај ме; Ти знаеш дека заради Тебе поднесувам поруга.
16 Ги најдов зборовите Твои и ги проголтав; Твоето слово ми беше за радост и веселба на срцето мое; оти името Твое е призивано врз мене, Господи Боже Саваот.
17 Не, на совет со подбивачи и не сум се веселел: под Твојата тешка рака врз мене седев сам, бидејќи Ти ми беше исполнил со негодување.
18 Зошто е толку долготрајна болката моја, и раната моја е толку неизлечива, оти не се подавам ли на лекување? Зар Ти ќе бидеш за мене како лажлив извор, како неверна вода.
19 Затоа, вака рече Господ: ако се обратиш, ќе те поставам пак на нозе и ќе стоиш пред лицето Мое; и, ако извлечеш скапа работа од ништо, ќе бидеш како Мојата уста. Тие сами ќе се свртуваат кон тебе, а ти нема да се обрнуваш кон нив.
20 И за тој народ ќе те направам силен бакарен ѕид; тие ќе војуваат против тебе, но нема да те победат, бидејќи Јас сум со тебе, за да те спасувам и да те избавувам, вели Господ.
21 И ќе те спасам од рацете на лошите и ќе те избавам од рацете на насилниците.