Isaiah 81990

1И ми рече Господ: »Земи си голем свиок и напиши на него со човечко писмо: брз на плен и итар на грабеж.

2И си зедов верни сведоци: свештеникот Урија и Захарија, синот Варахиев,

3и пристапив кон пророчицата, и таа зачна и роди син. И ми рече Господ: дај му име: брз на плен и итар на грабеж; шах – баз;

4зашто, пред да се научи детето да изговара: тате, мамо, – богатството на Дамаск и пленот самариски ќе бидат претставени пред асирскиот цар.«

5И продолжуваше да ми зборува Господ и рече:

6»Зошто овојј народ ги занемарува водите на Силоам, оти течат тивко, и се восхитува на Ресина, и од синот Ремалиев,

7Господ ќе ги испрати врз него бурните и големите води на реката – асирскиот цар со сета негова слава; ќе се надигне таа во сите свои ракави и ќе се излие преку сите свои брегови;

8и ќе навлезе во Јудеја, ќе ја наводни и високо ќе се крене – ќе стигне до вратот; и раширените крила нејзини ќе бидат по целата ширина на Твојата земја, Емануиле!«

9Здружувајте се, народи, но ќе бидете уништени, и внимавајте вие сите што сте далечни земји! Вооружувајте се, но ќе бидете победени; вооружувајте се, но ќе бидете уништени!

10Кројте заговори, но тие ќе се рушат, говорете збор, но тој нема да си исполни, зашто со нас е Бог!

11Зашто вака ми велеше Господ, држејќи ја врз мене цврстата рака и опменувајќи ме да не одам по патот на тој народ, велејќи:

12»Не нарекувајте го заговор сето она што тој народ го нарекува заговор; и не плашете се од она, од кое тој се плаши, не стравувајте.

13Господа Саваота – Него свето почитувајте Го, и Он да биде ваш страв и ваш трепет!

14Он ќе биде осветување и камен за сопнување и карпа за соблазна на двата дома Израилеви, стапица и мрежа за жителите ерусалимски.

15И мнозина од нив ќе се сопнат и ќе паднат, ќе се разбијат, ќе се заплеткаат во стапицата и ќе бидат уловени.«

16»Врзи го свидетелството и запечати го откровението пред своите ученици.«

17И така, јас се надевам на Господа, Кој го сокрил лицето Свое од домот Јаковов, на Него се надевам.

18Ете, јас и децата што ми ги даде Господ, сме како белези и докази во Израилот од Господа Саваот, Кој живее на гората Сион.

19И кога ќе ви речат: »Обрнете се кон оние, што извикуваат мртовци, и кон маѓесници, кон бајачи и оние што говорат од стомак, тогаш одговарајте: не треба ли народот да се обрнува кон својот Бог? Се прашуваат ли мртви за живи?«

20Допрашај се до законот и откровението! Ако некои речат дека не е така, тогаш за нив нема светлина.

21Ќе скитаат тие по земјата, жестоко угнетувани и гладни; и во време на гладта ќе се лутат, ќе го навредуваат својот цар и својот Бог.

22И ќе се загледаат угоре, и ќе погледаат кон земјата; и ете – скрб и мрак, густа темнина; и ќе бидат фрлени во темнината. Но нема секогаш да има мрак таму, каде што сега тој е згустен.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016 © Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

Choose Translation

Switch translation for Isaiah 8.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.